1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Посакуваме да не сте тука“ - миграција во Велика Британија

Ема Волис / Александар Методијев8 февруари 2013

Британската влада постојано повторува за намалување на миграцијата, но на крајот од годинава таа би требала да ги отвори границите за две други земји членки на ЕУ – Романија и Бугарија. Како ќе се направи тоа?

https://p.dw.com/p/17aPz
Фотографија: Getty Images

Британскиот фореин офис е во „голема“ кампања, која ја стартуваше во 2011. „ГОЛЕМАТА кампања е дизајнирана (...) да ги покаже британските можности, да ја промовира и подобри нашата репутација во странство (... и) да го покани светот со свеж поглед да види што се’ Британија има да понуди“, стои на вебстраницата на оваа институција.

Сликите на „опуштената“ и брендирана Британија се направени така за да привлечат посетители, инвеститори и да создадат верба за земјата што се бори, како и најголем дел од Европа, со штедењата.

Во исто време, конзервативната влада се обидува да ги намали бројките на имигрантите и тврди дека е успешна. Минатата недела излегоа новинарски извештаи кои тврдат дека британската влада е зафатена размислувајќи како да ја повлече „сликата за благосостојба“ во земји како Романија и Бугарија.

„Работење на намалување на нето-миграцијата“

Британското министерство за внатрешни работи за Дојче веле објаснува дека не е сигурно оти овој извештај потекнува од кампања за негативно рекламирање. Британскиот министер за имиграција Марк Харпер исто така негираше, кога беше прашан на телевизија, дека тие планирале кампања наменета за Романија и Бугарија која би требала да покаже дека „Британија не е толку добра“. Сепак, од Министерството за внатрешни работи за Дочје веле рекоа дека генералното намалување на миграцијата почнува да се имплементира.

Großbritannien Symbolbild Olympische Spiele in London Big Ben und Flagge
Според статистиките, еден од осум Британци во моментов е роден во странство, што е поголем сооднос од оној во Германија или Италија, но е на исто ниво со тој во САДФотографија: Reuters

„Ние работиме да ја намалиме нето-миграцијата од стотици илјади на десетици илјади до крајот на овој легислативен период (во 2015 година) и нашите нови правила веќе даваат ефект со тоа што нето-миграцијата е намалена за четвртина оваа година“, изјавија од оваа институција за Дојче веле.

Извештаите за британските стравувања од „инвазија“ ја кренаа дипломатската тензија. Титус Корлатеан, романскиот министер за надворешни работи, беше цитиран дека романската влада е „сериозно загрижена“ за британското однесување во однос на оваа планирана „инвазија“. Романскиот амбасадор во Обединетото Кралство, д-р Јон Јинга, во едно интервју порача: „Не стравувајте, нема да ви направиме инвазија“.

„Знам дека постои страв поради она што се случи со Полјаците, Чесите и Унгарците може да биде повторено (во 2014, н.з.)“, изјави Јинга, „но кога Полска се приклучи кон ЕУ имаше само три земји со отворен пазар на труд. Но, сега кога ние се приклучуваме отворени се сите 25 земји“, додаде романскиот амбасадор.

Миграцијата не е хоби“

EU kritisiert Rumänien
Не треба да постои страв дека работниците ќе го преплават британскиот пазар на труд, забележуваат романските властиФотографија: picture-alliance/dpa

Романски интелектуалец, кој сака да остане анонимен, но има живеено долг период во Велика Британија, а сега живее во Германија, во изјава за Дојче веле нагласува дека „миграцијата не е хоби и секако дека не се прави од задоволство. Најголем дел од луѓето мигрираат кога немаат друг избор, а кога нема избор луѓето ќе мигрираат независно од тоа дали ЕУ ќе одлучи да ги отстрани ограничувањата или не“.

Па, така некои Романци пензионери веќе работат, на пример, во Италија како негуватели на стари лица и притоа заработуваат околу 600-700 месечно, што е трипати повеќе отколку просечната државна пензија во Романија.

Расте бројот на жителите родени во странство

Од 2001-ва година Велика Британија регистрира пораст од 66 проценти во бројот на тамошните жители, кои се родени во странство, со што се додадени речиси три милиони нови мигранти на домашната популација. Кога ЕУ се прошири во 2004, лабуристичката влада предвидуваше дека само неколку илјади Полјаци ќе мигрираат. Стотици повеќе пристигнаа.

Сега организацијата „Мигрејшн воч УК“ проценува дека „миграцијата од Романија и Бугарија би можела во просек да достигне до 50.000 годишно, или вкупно за пет години 250.000“.