1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Посветли перспективи за германската конјунктура

6 јули 2004
https://p.dw.com/p/AeQq

Прогнозите за германското стопанство во оваа и наредната година се подобри од до сега очекуваното. Според проценките на ММФ Германија годинава ќе оствари стапка на пораст од од 1,8%, што е корекција на претходните прогнози за 0,2 проценти. За 2005-та пак се очекува пораст од 2%. И германскиот Институт за економски истражувања денеска ја коригира прогонозата и очекува стапка на пораст од 2,1 наспроти првичната од 1,8 проценти.

Главно заслужен за ваквото подобрување на стопанските перспективи на Германија е снажниот извоз и зголемената побарувачка на светските пазари. Токму затоа од голема важност за германските претпријатија е натамошната либерализација на светската трговија. Околу шансите за продолжување на преговорите кои минатата година во мексиканскиот Канкун пропаднаа, вчера во Берлин разговори водеше генералниот секретар на Светската трговска организација, Супачаи Паничпакди.

“Немојте никогаш да поверувате дека разговорите во канкун пропаднаа затоа што беа погрешно водени. Сите ние доживеавме пораз во Канкун. Не успеавме да најдеме компромисно решение околу проблемите во аграрната политика, како и околу другите теми што стоеја отворени уште од средбата во Сингапур“ - ијави генералниот секретар на Светската трговска организација, Супачаи Паничпакди, на разговорите во Здружението на германската индустрија. Тој истовремнено повика на продолжување на преговорите за либерализација на светската трговија и побара да им се даде нова динамика. Паничпакди се залага темите како што се тренспарентноста на јавните налози и подобрата меѓунаеродна заштита на иневстициите за сега да останат во втор план, а сето внимание да им се посвети на проблемите од аграрниот сектор. Добар чекор во таа насока е што европските комесари за трговија и за аграр, Паскал Леми и Франц Фишлер, понудија да ги симнат субенвиите за извоз на европскиот прехрамбени производи. Тоа беше впрочем едно од централните барања на земјите во развој на преговорите во Канкун. Но, Европејците сакаат во таквиот чекор да ги вклучат и Американците, а оваа мерка наидува на контроверзи и меѓу земјите членки на Унијата. Особено Французите не ја одобруваат најавата на евро-комесарите, бидејќи станува збор за субвенции за земјоделците во висина од 3 милијарди годишно.

Кон крајот на овој месец, според најавите на генералниот секретар на СТО, Паничпакди, во Женева треба да заседава Советот на организацијата и да ги разгледа можностите за постигнување компромис:

“Ова е прв пат во историјата на оваа организација да сме на пат да постигнеме успех на ова поле. Тоа е навистина историски пробив, бидејќи е толку тешко тоа да се постигне. Тоа би било историски момент, кога би успеале да ги укинеме аграрните субвенции.“

Еуфоријата на генералниот секретар е меѓутоа толкава, бидејќи пробивот на полето на аграрот би бил од голема симболичка важност. Реално гледано, трговијата со земјоделски производи изнесува само 9% од вкупната трговска размена во светот.

До крајот на годинава според проценките на Паничпакди би требачо да се заврши рундата преговори започната во Доха, но никој реално не очекува партнерите да успеат да се придржуваат до договорениот временски план. Во САД зимава се одржуваат претседателски избори, во Брисел доаѓа нова Комисија и сите можни пресонални промени можат да доведат до натамошно одолговлекување на преговорите.