1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Посета во деликатен момент

18 октомври 2010

Германскиот претседател Кристијан Вулф од денеска ја почнува повеќедневната посета на Турција, при која со своите домаќини ќе разговара за билатерални и европски теми, но пред се’ ќе се заложи за верска слобода.

https://p.dw.com/p/PgVA
Кристијан Вулф ја разбранува јавноста со своите изјави за исламотФотографија: DW

Германскиот претседател Вулф, кој на прославата на Денот на германското обединување истакна дека исламот припаѓа кон Германија, на Босфорот сега ќе се заложи за правата на околу 100.000 христијани, кои живеат таму. Во Анкара ќе води разговори со неговиот турски колега Абдула Ѓул и премиерот Реџеп Таип Ердоган. Утре, Кристијан Вулф, како прв германски претседател ќе одржи говор пред турското национално собрание.

Патувањето го планираше уште неговиот претходник Хорст Келер, и најверојатно ќе беше едно од многуте патувања на еден германски претседател, доколку во Германија во моментов не се водеше дебата за интеграцијата, во која пред се’ станува збор за турските доселеници и Германците со турско потекло и доколку Кристијан Вулф, не ја избра интеграцијата, како една од темите на неговото претседателство.

Israel Palästina Palästinenser Gaza Angriff Türkei Erdogan
Поддршка за Вулф од турскиот премиер Реџеп Таип ЕрдоанФотографија: AP

Критики и подршка за изјавите на Вулф

И додека конзервативните кругови во Германија потрагата по сопствениот идентитет ја обработуваат токму на темата интеграција, баварскиот премиер Хорст Зехофер одбива доселување во Германија од други културни кругови и канцеларката Меркел го прогласи проектот за мултикултурно општество за пропаднат, претседателот Вулф отпатува во посета на Турција. Тој предходно предизвика внимание со едан реченица, како во Германија така и во Турција.

„Исламот исто така припаѓа кон Германија.“

Реченица, поради која доби големи критики во сопствените редови, но поради која доби поткрепа од турскиот претседател: „Кој се отвара кон светот, мора да живее со различни религии“, појасни Ѓул за весникот „Зиддојче цајтунг’“ пред денеска официјално да го поздрави Вулф во Анкара.

Tag der offenen Moschee
Фотографија: picture-alliance/dpa

Залагање за реципрочност

Религијата ќе заземе едно од централните места. Покрај посетата на Сината џамија, Кристијан Вулф дел од своето време ќе му посвети и на хрстијанското наследство во Турција, што не е случајност, туку повеќе знак што сака да го даде претседателот.

„Ако ние овде сме отворени за џамии, муслимани и исламот, тогаш разбирливо само по себе е дека и Турција мора да се отвори за христијанството, оти тоа таму опфаќа 20 проценти од населението, кое е потиснатно настрана. На црквите таму им е екстремно тешко и тоа ќе биде една од најзначајните теми.“

Германскиот претседател со турските функционери ќе разговара и за билатералните и европски теми како и за стопанската соработка. Што се однесува до членството на Турција во ЕУ, претседателот очигледно не е на мислење дека на Турција треба да и‘ се затвори вратата кон ЕУ:

„ Преговорите би требало да се водат фер и исходот да биде отворен. Пред се’ би сакал да оддадам признание, дека во Турција се одвиваат процеси, кои заслужуваат големо внимание. Исто така и уставните промени се одвиваат во вистинскиот правец,“ истакна Вулф.

Автор: Јерг Брандшајд/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска