1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Последната борба со бикови во Барселона

26 септември 2011

Шпанија без борба со бикови е практично незмислива, но во регионот Каталонија од наредната година ваквите борби се забранети. Завршува една вековна традиција.

https://p.dw.com/p/12gTr
Фотографија: AP

Најпознатите матадори во арената Ла Монументал, во Барселона, ги имаа последните борби во текот на изминатиот викенд. Во регионот Каталонија завршува традиција која траеше со векови. Борците за заштита на животните долго време се борат за да издјествуваат забрана.

„Тоа е резултат на нашата постојана присутност овде, во последните седум години. Овде бевме секоја недела и покрај заканите со убиства и повеќе тепачки. Последниот пат дури бев пренесен во болница. Се радувам што веќе нема да измачуваат и убиваат животни.“

Spanien Stierkampf Spierkämpfer Leandro Marcos
Фотографија: picture-alliance/dpa

За едните победа, за другите горчлив пораз.

„Тажен сум и бесен. Ова е толку убава арена за борба со бикови, тука е вткаена традиција.“

Шпанија и борба со бикови - за голем број приврзаници тоа се работи што не можат да се одвојат. Приврзаниците ги обвинуваат Каталонците дека постапуваат од политички мотиви за самостојност на регионот. Но, и во остатокот на земјата борбата со бикови е во криза. За нејзе се‘ помалку се интересираат пред се‘ младите.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Михаела Хунгер / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Горан Чутаноски