1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Последна можност за заедничка борба против тероризмот на тлото на ЕУ

16 март 2004

Досега борбата против тероризмот на нови на Европската унија беше само теоретска состојба, но по бомбашките напади во Мадрид оваа тема веднаш се најде на дневен ред. Недостигот во размената на информации, во собирањето податоци и во полициската соработка во рамките на ЕУ го отворија ова прашање и се очекува дејствување. Дали политичарите ќе се согласат или се ќе остане на минутите молчење?

https://p.dw.com/p/AcOy
"Постојат европски инструменти, но тие лошо се спроведуваат, ратификацијата на договорот оди бавно, средствата што стојат на располагање малку се користат, што безбедносните сили и правните власти на земјите членки одвај го разбираат". Овој суд за антитерористичката политика на Европската унија е цитат од еден доверлив документ што секретаријатот на европскиот совет го објави два дена пред грозоморните напади во Мадрид. Билансот што го извлекуваат соработниците на Советот е меѓу незадоволителен и застрашувачки. Клетвата што ја дадоа шефовите на држави или влади по 11 септември 2001 дека заеднички ќе се борат против тероризмот остана без подолгорочно влијание. Посебно слаба е меѓусебната размена на сознанија и податоци на различните тајни служби и меѓу националните полициски власти. Со Европол веќе постои еден вид европска истражна служба, но нејзините компетенции во антитерористичката борба се мали. Таа пред се има задача да посматра. Оттаму, се погласни се барањата за моќна европска антитерористичка власт според примерот на американското министерство за внатршени работи. Дали таква централизирана служба ќе можеше да спречи напади како оние во Мадрид, се разбира, никој не може да каже. Пред да нападант во Шпанија тие, разлчично од вообичаените постапки на Ал Каеда, не оставија посебни траги во форма на прислушкувани разговори или сомнителни патувања. За создавањето европска антитерористичка единици зборува искуството што го имаат државите во Европа во седумдесеттите и осумдесттите години со нивните национални терористички групи. За да се соочат со ИРА, ЕТА, РАФ или со Црвените бригади, Велика Британија, Шпанија, Германија и Италија формираа специјални единици. Дали ваквата централизација не треба да се префрли врз Европската унија бидејќи иследничките групи во практиката најчесто и денес мораат да застанат на националните граници? Најмалку барем до јуни би требало да постои европска наредба за затворање за да можат сомнителните да се апсат на целиот европски простор. Одамна се потребни пасоши безбедни против фалсификување и вклучување на биометриски податоци при издавањето визи. Посебно големи безбедносни дупки постојат во европските интерни проверки во патниот и железничкиот сообраќај. Последните анкети покажуваат дека скоро 80 насто од европските граѓани очекуваат од нивните политичари конкретни успеси во борбата против тероризмот. Во секој случај шефовите на држави или влади на следниот самит првенствено ќе се занимаваат со мерките против тероризмот. Ако се сака да се биде циник може да се каже дека е тажно што дури по една катастрофа како оваа во Мадрид ја истакна потребата од Европа да се напрадви еден простор. Џерба, Казабланка, Момбаса, Бали, Истанбул. Листата на предупредувања е долга, а сега теророт дојде во срцето на Европа и сега е последната шанса за заедничко дејствување. Минутите на молчење сами за себе не се доволни.