1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Последна почест за Маргарет Тачер

ЕМФ/миа/ртре17 април 2013

Велика Британија денеска ќе се прости од покојната премиерка Маргарет Тачер, со поделени чувства и оцени за наследството на првата жена премиер на британска влада.

https://p.dw.com/p/18H8a
Фотографија: Getty Images

Погребната церемонија на Челичната лејди е најголема почест која е дадена на еден официјален претставник во новата историја на Велика Британија. На церемонијата ќе присуствуваат повеќе од две илјади државници од земјата и странство, меѓу кои и германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле. Пријателите на баронесата Тачер биле „изненадени и разочарани“ кога дознале дека американскиот претседател Барак Обама не испраќа ниту еден претставник од актуелната администрација и оти наместо тоа, таа чест им ја препушта на двајца поранешни државни секретари Џејмс Бејкер и Џорџ Шулц, јавуваат британски медиуми.

Bildergalerie Margaret Thatcher Archiv 27.11.1990
Маргарет Тачер почина од мозочен ударФотографија: AFP/Getty Images

Со одлука на британската кралица да присуствува на погребот, таа церемонија е практично издигната на ранг на погреб со државни почести. Тој ќе чини речиси 12 милиони евра. Поради тоа доаѓаат критики, пред се‘ од страна на левичарите. Тие велат дека Тачер за време на својот мандат ја поларизирала земјата. Голем број од нејзините приврзаници, пак, тврдат дека таа била еден од најуспешните премиеро во британската историја.

Маргарет Тачер почина на 8 април, на возраст од 87 години, како последица на мозочен удар. По погребната церемонија, нејзиното тело треба да биде кремирано.