1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Постои напредок за подобрување на животот на Ромите во Европа

Горан Петрески 8 октомври 2007

Постои напредок во сите области што ги третира декадата за вклучување на Ромите. Овој заклучок на активисти на повеќе невладини органзации важи за сите земји од Европа во кои живеат Роми, вклучително и Македонија.

https://p.dw.com/p/BnqY
РомиФотографија: picture-alliance/dpa

Декадата на Ромите 2005 – 2015 година е декларација потпишана од десетина земји и опфаќа повеќе активности во образованието, вработувањето, здравството и домувањето. Целта е Ромите целосно да се интегрираат во општеството, да се елимира дискримнацијата и јазот меѓу ромското и неромското население. Најголем напредок во сите земји е постигнат во сферата на образованието. -Образованието е една од најнапредините области, во кое се постигнати најмногу резултати. Унгарија е најнапредна со тоа што има систематски интегрирана политика во областа на образованието, финансирана од државата. Сите приоритети се вклучени - вели Александар Бојаџиева.

Во Македонија најпроблематичен е напредокот во здравството, особено поради слабостите во овој сектор и специфичните услови во кои живеат Ромите. Слабостите ги набори Драгана Митровиќ од невладината Рома 2002 - Не посотои закон за антидискриманција, за еднакви можности, ниту за десегрегација. Нема владини мерки за работни квалификации и промоција на Ромите на пазарот на трудот, како ниту за самовработување и микро финансирање. Агенциите за вработување имаат сервиси и програми за мотивирање на вработувањето и обука на невработени лица, меѓутоа тие се општи програми и не се специфично наменети на Ромите како посебна целна група.

И покрај напредокот, декадата сеуште не ја постигнала точката што гранатира успех, е констатирано во извештајот. Според рангирањето, најнапредна во однос на правата на Ромите е Унгарија, а по неа на значително растојание следуваат Бугарија, Словачка, Чешка, Хрватска и Романија. Македонија и Србија заостануваат главно поради тоа што се потпираат на мерки финансирани од донатори.