1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потег на Путин за почит

4 ноември 2003
https://p.dw.com/p/AeW9

За време на посетата на Рим рускиот претседател Владимир Путин со себе носи бесценето дело: "Мадона Лита" од Леонардо да Винчи. Оваа слика која инаку е изложена во музејот Ермитаж во Санкт Петерсбург за првпат по 140 години ќе може да биде видена во Италија, јави денеска италијанскиот весник "Ил темпо". Сликата ќе биде изложена еден месец во палатата Квиринале. Оваа слика претставува едно од најпозантите дела на италијанската уметност во Русија. По Рим сликата ќе биде прикажана и во Венеција.