1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потпишан извештајoт за настаните од 24. декември

АТ/ миа26 август 2013

Ад хок Комисијата денеска (26.08.2013) го потпиша конечниот извештај за настаните во Собранието на Македонија на 24. декември минатата година.

https://p.dw.com/p/19W6p
Mazedonien - Sonderausschuss 24.12.2012Фотографија: MIA

Во Клубот на пратениците во Скопје свои потписи на извештајот ставија претседателот на Комисијата Борче Давитковски и нејзините членови од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски и Благородна Дулиќ и од СДСМ Љубомир Фрчкоски и Рената Десковска Треневска.

Премиерот Никола Груевски синоќа откако СДСМ ги отфрли двете понудени опции за извештајот и за предвремени парламентарни избори, соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да го потпише извештај на ад хок Комисијата.

„Нека ги напишат нивните правни квалификации на кои застанавме, и ако тоа ги исполнува, не со надгласување, туку ние ќе им ги изгласаме заедно со нив. Ако ним не им е важен интересот на Македонија, нам ни е важен. Се разбира за нас и за најголемиот дел од граѓаните во Македонија тие правни квалификации нема да се ниту валидни, ниту се согласуваме со нив“, нагласи Груевски.

Тој додаде дека во интерес на државата како партија со најголема доверба од народот, како што рече: „ќе подметнеме грб и се ќе изгласаме и сѐ ќе им потпишеме“.

Претходно, премиерот Груевски предложи СДСМ да си изгласа каков било извештај од Комисијата, кој ќе биде партиски. Втората алтернатива беше да се оди на предвремни избори на 13 октомври.

СДСМ вчера ги отфрли двете опции што ги понуди премиерот Груевски. Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска го повика ВМРО-ДПМНЕ да се согласат

со формулацијата за прекршување на Уставот со исфрлање на новинарите од собраниската галерија. Што се однесува до изборите, таа посочи дека, обврска од мартовскиот извештај е создавање фер претпоставки за изборен натпревар.

„Презедовте обврска за усогласување на изборното законодавство со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и за прочистување на избирачкиот список. Тие обврски не ги реализиравте“, рече Шекеринска, додавајќи дека ако денеска се распушти Собранието на РМ, СДСМ ќе ги искористи сите демократски средства кои и стојат на располагање.

Ставот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) е дека предвременипарламентарни избори не се решение за предизвиците со кои се соочува државата и за проблемите на граѓаните на Република Македонија. Но, доколку ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се договорат за таква опција тие се подготвени.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема