1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потрага по супер-колбас во Франкфурт

Керстин Хилт/Симе Недевски30 август 2012

Прочуените франкфуртски колбаси имаат еден проблем: тие се се’ поневкусни. Затоа во Франкфурт на Мајна се оддржа големо тест-јадење, каде посебно внимание беше посветено дури и на вистинскиот крцкав звук на колбасот.

https://p.dw.com/p/15xFD
Фотографија: Fotolia/yamix

Важноста на франкфуртскиот колбас за германската гастрономска душа е голема: тој се наоѓа веднаш зад пивото и свинската коленица, доколку станува збор за традиционалната германска храна- во некои области колбасот е дури традиционално божиќно јадење. Првично тој бил дури и традиционален оброк на кралевите по крунисувањето, и бил познат и како „крунисувачки колбас“.

Сега слушајте внимателно.... речиси ништо не се слушна.  Тоа е лошо, зашто еден вистински  добар франкфуртски колбас прво мора да убеди со вистински крцкав звук при гризнувањето.

Крцкав и сочен

Тоа е најмалку еден од критериумите при потрагата по најдобриот франкфуртски колбас. Од 47 се разбира анонимни кандидати во изборот за супер колбас франфуртската локална еминенција треба да го одбере најдобриот. Тестирање до презаситеност, бидејќи јасно, тука станува збор за колбас, пардон колбавче.

Frankfurter Würstchen mit Senf und Ebbelwoi
Фотографија: dpa

„Треба да биде крцкав, да има една убава чадена боја, треба да има пријатен вкус, не многу лут, не многу зачинет и  внатре да биден сочен.“
Причината за потрагата по супер колбас: Во нивната татковина франкфуртските колбаси го загубија добриот углед. Сите имаат ист вкус, велат многумина и тоа е точно, имено дури 9 од 10 колбаси се од ист производител, големо-индустриска здодевност наместо деликатес.„Ова е малку тврдо!“
Јасно е дека во финалето се наоѓаат 3 мали префинети месарници. Единствениот недостаток, победникот не е од Франкфурт, туку од Фунгштад, одалечен 50 километри од папокот на светот на колбасите.