1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потребно е интензивирање на реформите во македонската полиција

Милчо Јовановски2 јуни 2006

Македонија од земја корисник на безбедносни услуги, полека прераснува во земја чии искуства се користат во регионот. Ова е општата оценка од вторите Охридски разговори насловени како “Поддршка на Македонија на нејзиниот пат во ЕУ“. Учесниците експерти од македонското МВР и нивните колеги од германската покраина Бранденбург се согласија дека реформите во македонската полиција се видливи, но треб

https://p.dw.com/p/Addl
Безбедноста во Македонија е подобрена
Безбедноста во Македонија е подобренаФотографија: AP

� да се интензивираат.

Безбедносно Македонија е далеку подобра од времето на постконфликтниот период, сметаат германските експерти. Тие низ полициска призма се обидуваат да му помогнат на македонското Министерство за внатрешни работи, преку совети и дискусии да ги зајакне сопствените капацитети, а со тоа безбедноста да влијае врз севкупната економија, особено на туризмот во Македонија.

Доктор Трпе Стојановски, помошник министер за внатрешни работи, задолжен за евроинтеграции во македонската полиција, со став:

“Случувањата во Република Македонија на многу јасен начин може да покажат како се подобруваат состојбите, ако се направи споредба со состојбите на безбедносен план што ги имавме пред неколку години. За тоа говори и статусот земја-кандидат за прием во ЕУ.“

Германските експерти задоволни од виденото и сработеното, но генерално очекуваат Република Македонија што побрзо да го донесе законот за полиција, дециден е доктор Екард Стратеншулт од Берлин. Тој вели:

“Реформите во полицијата имаат различни цели. Од една страна мора да биде гарантирана сигурност, а од друга страна мора да го испочитуваат Охридскиот рамковен договор. И после се, македонската полиција треба да се направи што покомпатибилна во делот што се однесува до приближувањето кон ЕУ. Имам впечаток дека во оваа област се случуваат доста работи и дека е вложен голем труд, но реформите сеуште не се на целта. Има уште многу да се работи. Стекнав впечаток дека Македонија има капацитет и желба да стигне до целта.“

На македонските полицајци и експерти им беше без заобиколување порачано дека мора да се напредува во структурите за борба против органзиираниот криминал, зашто криминалот не познава граници, со надеж дека наскоро со законот за полицијата проблемите ќе бидат решени. Пораката е – потребно е да се зајакне капацитетот и на граничната полиција. За недостатоците на македонската полиција, доктор Каи Зигард вели:

“Македонската влада во јануари 2004-та ја донесе основната стратегија за полицијата, а потоа беше направен и Акционен план и направено е многу во делот на приближувањето до ЕУ. Битната реформа во македонската полиција ја очекуваме во делот на регионалната полиција, со тоа што ќе се осигура присуството на етничките заедници во полицијата, но Европа ќе биде пред се за стручност пред политиката. “

Од вторите Охридски разговори МВР очекува реален приказ на достигнувањата на реформите. “Ние тоа го имаме“, тврди Стојановски:

“Веруваме дека ова што овде го разговаравме многу искрено и пријателски, ќе биде соодветно презентирано и до надлежните институции во Европската комисија, каде што од страна на Германија очекуваме создавање фер претпоставки за натамошно вреднување на достигнувањата во Република Македонија.