1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почеток на преговорите за статусот на Косово

20 февруари 2006

Во Виена, зад затворени врати од претпладнево во тек се разговорите меѓу преставници на Белград и Приштина за конечниот статус на Косово

https://p.dw.com/p/Ac8l
Преставникот на ОН во преговорите, Марти Ахтисари
Преставникот на ОН во преговорите, Марти АхтисариФотографија: AP

Цврсто и неивесно со надеж за договор за продолжување на разговорите. Во ваква атмосфера на очекување од претпладнево зад затворени врати започнаа разговорите меѓу преставници на Белград и Приштина. Со состанокот претседава заменик преставникот на ОН за преговорите Алберт Рохан, а присутни се и преставници на САД и ЕУ. Српската делегација ја предводат советниците на премиерот и претседателот на Србија Леон Којен и Слободан Самарџиќ а присутни се и преставници на косовските срби и економски експерти. Албанската делегација ја предводи министерот за локална самоуправа Љутфих Азири и Фетмир Мујота преставник на опозицијата. Двете делегации пред почетокот на разговорите осдтварија одвоени средби со преставникот на ОН Марти Ахтисари

„ Му ветивме на господинот Ахтисари дека целосно ќе соработуваме. Денеска ќе се фокусираме на агендата. На дневен ред ќе биде префрлување на надлежностите на локално ниво и ќе се залагаме за резултати. Се надевам дека ќе постигнеме напредок Сакаме да го решиме статусот што е можно побргу и ние воп тоа ќе одигране конструктивна улога„ рече министерот Азири кој ја предводи косовската делегација

Советникот на српскиот премиер Воислав Коштуница, Слободан Самарџиќ, кратко го прокоментира состанокот со Ахтисари:

„ Тоа беше протоколарна средба пред состанокот, така што немаше време за нешто сериозно да се каже„

Српската делегација инаку беше прилично лута заради ставовите на Ахтисари изнесени во германскиот „Дер Шпигел„ каде отворено зборуваше околу можната независност на Косово. Смарџиќ синоќа зборуваше дури и за можноста за иземање на специјалниот преставник на ОН:

„ Тоа не е негова работа, тој има поинаков мандат. Тој повремено би можел да ги погледне препораките кои му се дадени од страна на генералниот секретар на ОН за посредство во разговорите. Ако продолжи така мислам дека нема да биде вистинската личност која би можела да посредува во разговорите„

Инаку двете страни треба да ги изнесат своите предлози за децентрализацијата на покраината и пренесување на надлежностите на локално ниво. Од кругови блиски на српската делегација се дознава дека Србија подоцна ќе бара формирање на 16 општини, што албанската страна го оценува како неприфатливо. Приштина засега е согласна со префрлување на овластувањата во здравството образованието, но бара целосна гаранција за територијалниот интегритет на Косово.