1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина екс-индонезискиот претседател Сухарто

Сибиле Голте-Шредер27 јануари 2008

По три недели борба со смртта, денеска (27.01.2008) почина поранешниот индонезиски претседател, Сухарто. Тој владееше со железна рака 32 години. За време на диктатурата стотици илјади луѓе беа убиени или прогонети.

https://p.dw.com/p/CyH7
Сухарто беше нарекуван „насмеаниот генерал“Фотографија: AP

De mortuis nihil nisi bene - за мртвите не треба да се говори или треба да се говори само најдобро. Доколку се следи ваквата латинска девиза, последното поглавје од животот на индонезискиот екс-претседател, генерал Сухарто, би било брзо напишано.

Но, премногу долго се молчи за трите децении диктактура на индонезискиот генерал. Дури и девет години по присилното сменување од власт на Сухарто по протестите ширум земјата, позадината на крвавиот пуч во 60-тите години со кој Сухарто дојде на власт, останува нерасчистена. Иако генералот за време на пучот и во текот на авторитарното владеење беше одговорен за големи повреди на човековите права, тој до последен момент успеваше да се оттргне од рацете на правдата. Сите обиди да биде изведен пред суд пропаднаа поради неговата болест, која го правеше неспособен да се појави во судницата. Неговото влијание беше доволно до неговата смрт за да не биде изведен пред суд.

Тешко наследство за Индонезија

Индонезија страда многу поради она што зад себе го остави Сухарто, или како што го нарекуваа насмеаниот генерал - корумпиран систем на управување, премногу моќен воен апарат и минато со кое сеуште нема соочување. Ако се земат предвид овие работи, речиси зачудувачки е колку бргу и убедливо Индонезија го најде патот кон демократија. Иако Сухарто не се потпираше само врз армијата, туку и врз неговите западни сојузници, земјата остана сојузник од доверба за западниот свет. Фундманеталистичките тенденции во Индонезија, која има најбројно муслиманско население на светот, немаат шанса.