1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина Ингмар Бергман

30 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BNZv

Легендарниот шведски филмски режисер Ингмар Бергман почина денеска на 89 годишна возраст. Во својата долгогодишна кариера тој снимил повеќе од 40 филма . Со делата Насмевки во летната вечер , Диви јагоди и Тишина тој остави белег на филмската сцена во 50-те години од минатиот век. Во текот на кариерата повеќепати беше номиниран за наградата Оскар. Во 1997-ма година на Филмскиот фестивал во Кан му беше доделена награда за животно дело .