1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина легендарниот голман Траутман

ЖА/дв/ртре/афп19 јули 2013

Поранешниот германски голман Бернд Траутман починал на 89 годишна возраст во местото Ла Љоса близу Валенсија, соопшти Фудбалскиот сојуз на Германија.

https://p.dw.com/p/19AuY
Фотографија: picture-alliance/dpa

Траутман оваа година претрпе два срцеви удари, но до смртта добро се опоравувал, соопшти неговата сопруга Марли. Траутман, британски заробеник во Втората светска војна, ќе остане запамтен како легенда на британскиот Манчестер сити, за кого во финалето на ФА купот во 1956 година во последните 17 минути од натпреварот играше со скршен врат. Манчестер сити го нарече Траутман еден од најголемите голмани на сите времиња и вистинска клупска легенда.

Траутман беше роден во Бремен меѓу двете светски војни, а Британците го заробиле пред крај на војната и го одвеле во логор во Ланкашир. Тој потоа одбил да биде вратен во Германија и Англија ја сметаше за свој дом. Траутман му се придружи на Манчестер сити во 1949 година и стана првиот Германец кој играше во финалето на ФА купот на стадионот Вембли, кога Манчестер загуби во финалето од Њукасл во 1955.

Една година подоцна Траутман стана херој при победата над Бирминген.