1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина Мило Дор

9 декември 2005

На 82 години во понеделникот во Виена почина писателот Мило Дор, автор на историски романи, преведувач и новинар. Тој беше член на Групата 47 и почесен претседател на австрискиот ПЕН – клуб.

https://p.dw.com/p/AeTs
Будимпешта, родниот град на Дор
Будимпешта, родниот град на ДорФотографија: Illuscope

Како писател стана познат по автобиографскиот роман „Мртви на одмор„ за судбината на еден млад српски комунист во казнен логор меѓу Белград и Виена за време на Втората светска војна.

Централна Европа беше неговата книжевна татковина. Роден во Будимпешта во 1923 година во српско семејство од Банат под името Милутин Драгосавац, одрасна во Белград, а повремено живееше и во Хрватска:

„Ја сакам оваа централна Европа, овие делови околу мене, Италија и Чешкословачка и Унгарија. Тоа е мојот свет од кој доаѓам. Ние средните Европејци радо патуваме. Се чувствувам дома и во Прага, подеднакво како и во Будимпешта или Загреб„.

Дор не беше само писател. Тој преведуваше, беше новинар, пишуваше сценарија и радио-дарми, многу од нив се емитувани во Германија. Во Австрија се ангажираше во сојузот на писателите.

Кога заврши војната тој реши да остане во Виена. Заедно со Рајнер Федерман напиша серија криминални романи. Во 1952 година стана познат со неговиот автобиографски роман „Мртви на одмор„. Заедно со „Ништо освен сеќавања„ и Белиот град„ овој роман ја претставува трилогијата „Сагата за Рајков„. Оваа трилогија остана неговото главно дело, иако напиша многу други:

„Кога размислувам за тоа, ми се чини како самиот да сум се измислил„.

Мразеше секаков вид тоталитаризам и беше хуманист.