1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина осудениот атентатор од Локерби

АТ/ дпа/ дапд/ афп/ ард20 мај 2012

Единствениот осуден за атентатот од Локерби, Абдел Басет ал Меграхи, почина во Триполи. Поранешниот либиски агент беше обвинет за убиство на 270 луѓе.

https://p.dw.com/p/14z1n
Фотографија: AP

Речиси три години откако беше ослободен од затвор во Шкотска, во Триполи почина единствениот осуден атентатор од Локерби, Абдел Басет ал Меграхи. Смртта на 60-годишниот Меграхи ја објави неговиот син Калед ал Меграхи и брат му, Абделхаким ал Меграхи. Повеќе детали не се наведени. Познато беше дека Меграхи имаше рак на простата во краен стадиум.

Смртта на Меграхи ја потврди и негов сосед. „Абдел Басит почина по дологогодишна борба против болеста. Неговата зравствена состојба во последните месеци драматично се влоши“, изјавил соседот.

Поранешниот службеник на либиските тајни служби Меграхи беше осуден на доживотна казна затвор поради атентатот врз авион на американската компанија Пан Ем над шкотскиот град Локерби, кога на 21 декември 1988 година беа убиени 270 луѓе. Тој одлежа меѓутоа само осум години затворска казна, пред да биде ослободен на 20 август 2009 година од хуманитарни причини. Тогаш лекарите му предвидуваа уште три месеци живот, поради неговото заболување.

Lockerbie Absturz
Атентатот од Локерби (архива)Фотографија: picture-alliance/ dpa

Роднините на жртвите жестоко се спротивставија на ослободувањето. Незадволоството уште повеќе се разгоре, откако Меграхи, при неговото пристигнување, во Либија беше дочекан како јунак. По враќањето во татковината живееше повлечено. Либиските  власти го штитеа од очите на јавноста. До последен момент тој тврдеше дека е невин.

Сомеж за вината

Во март, во еден истражен извештај се изразува сомнеж за вината на Либиецот. Весникот „Сандеј Хералд“ го објави извештајот на 800 страници на шкотската истражна комисија за криминални случаи, од кој произлегува дека постои можност Меграхи да не бил одговорен за нападот врз американскиот авион.