1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Почина Стивен Хокинг

СН/ агенции
14 март 2018

Британскиот астрофизичар Стивен Хокинг почина на 76-годишна возраст во Кембриџ, соопшти неговото семејство. За многумина тој беше најголемиот гениј на денешницата.

https://p.dw.com/p/2uHTF
Britischer Wissenschaftler Stephen Hawking ist tot
Фотографија: picture alliance/empics/J. Giddens

„Длабоко сме растажени дека нашиот сакан татко почина денеска“,  британската новинска агенција Прес Асосиејшн ја цитираше пораката на децата на Хокинг- Луси, Роберт и Тим. Хокинг починал во сон во својот дом во Кембриџ. Астрофизичарот се сметаше за еден од најголемите умови во светот, развивајќи важни дела за космологијата, општата теорија на релативноста и физиката на црните дупки.

Хокинг страдаше од неизлечивата мускулна и нервна болест АЛС (амиотрофична латерална склероза). Кога му беше дијагностицирана на 21-годишна возраст во 1963 година, лекарите му рекоа дека има само неколку години да живее. Од 1968 година, Хокинг зависеше од инвалидска количка, со децении, физичарот речиси целосно не можеше да се движи. Од средината на 80-тите години, тој само можеше да комуницира со тешкотии и со користење на говорен компјутер. Од неодамна, неговата сила сѐ повеќе се намалуваше .

Schwarzes Loch in kosmischer Dämmerung
Фотографија: picture-alliance/Zhaoyu Li

Уште читајте:

-Контроверзен и омилен - генијот Стивен Хокинг слави роденден

Хокинг неколку децении предаваше на високо ценетиот универзитет во Кембриџ, Англија. Во 1974 година, на возраст од само 32 години, тој беше именуван за најмладиот член на престижното британско кралско друштво. Пет години подоцна, тој ја стекна Лукасиевата катедра за математика во Кембриџ, која некогаш ја држеше прочуениот научник Исак Њутн.

Негово најпознато дело е бестселерот „Кратка историја на времето" во кој тој ѝ ја објаснува природата на универзумот на ненаучната публика.