1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина херојот на виетнамската војна за слобода

БГ/афп/ртр4 октомври 2013

Генералот Во Нгујен Гјап, архитектот на воените победи на Виетнам над Франција и САД, починал денеска во 102. година од животот, соопшти неговото семејство.

https://p.dw.com/p/19tsn
Фотографија: Hoang Dinh Nam/AFP/Getty Images

Генералот беше најпознатиот Виетнамец на 20. век, а историчарите го вбројуваат меѓу најголемите војсководци на изминатото столетие, на исто рамниште со Монтгомери, Ромел и Мекартур.

Овој син на селски учител се смета за најзаслужен за катастрофалниот пораз на француските колонијални сили во битката кај Дјен Бјен Фу во 1954. година, која се смета за пресудна за крајот на француската доминација во Индокина.

По победата над Франција, Гјап продолжи да командува со виетнамските воени сили и во судирите со американските агресори, сѐ до конечната победа и освојувањето на Сајгон во 1975. година.

Во последното интервју за Ројтерс во 2004. година, генералот говореше за потребата од мир и оцени дека војната за независност на Виетнам била „победа за колонизираните народи ширум светот“.

И покрај големите заслуги, Гјап бил исфрлен од раководството на Комунистичката партија на Виетнам во 1982 година. Се претпоставува дека причината за неговото оддалечување биле постојани судири со политичкиот естаблишмент во земјата кои тлееле уште од неговото раководење со воените сили во војната против САД, кога во неколку наврати генералот носел одлуки спротивни на волјата на политичкото раководство.

Последниве децении во неколку наврати тој јавно го критикуваше раководство на Комунистичката партија во земјата, оценувајќи дека тоа се претворило во „штит за корумпирани шефови“.