1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина човекот кој прв стапна на Месечината

ЖА/дв/дпа/ртре26 август 2012

„Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото“, изјави Нил Армстронг кога на 21.јули 1969. година зачекори на површината на Месечината. Астронаутот почина синоќа (25.08.) на 82 години.

https://p.dw.com/p/15wsW
Фотографија: NASA/dapd

Првиот човек кој стапна на Месечината, познатиот американски астронаут Нил Армстронг, почина на 82-годишна возраст поради компликации по операцијата на срцето.

На почетокот на август Армстронг беше пренесен во болница во Охајо за кардиолошки прегледи и по утврдените назадоволителни резултати извршена е операција за вградување „бај пас“.

Два дена пред операцијата, на 5. август, Армстронг го прослави својот 82. роденден.

Mondlandung 1969 Neil Armstrong Fußabdruck
Првите човечки стапки на Месечината...Фотографија: Getty Images

Во јули 1969. година Армстронг беше на чело на екипажот на вселенскиот брод „Аполо 11“, чија главна задача беше првото слетување на Месечината. Тој на 20. јули стана првиот човек кој стапна на површината на единствениот природен сателит на Земјата.

Во историјата остана запаметена неговата реченица по тој повод, „Ова е мал чекор за човекот, а голем за човештвото“.

Армстронг и Едвин Олдрин на Месечината поминаа два и пол часа.

Mondlandung 1969 Neil Armstrong
Фотографија: Getty Images

Набрзо потоа Армстронг ја напушти НАСА и стана професор на Универзитетот во Синсинати, каде живееше со својата сопруга Керол.

За тој лет Армстронг беше награден со медал за исклучителни заслуги од НАСА, а доби и Претседателски медал на слободата и Златен медал од Конгресот, двете најголеми национални награди во САД.

Mondlandung 1969 Neil Armstrong
Нил Армстронг влезе во историјатаФотографија: picture-alliance/dpa

Шефот на НАСА Чарлс Болден изрази жалење поради смррта на Армстронг:

„Се‘ додека постојат историски книги, Нил Армстронг во нив ќе биде впишан како прв човек кој стапна на тлото на друг свет“, изјави Болдвин, фалејќи ја пред се‘ неговата скромност.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Армстронг беше „еден од најголемите американски херои“:

„Кога тој и неговите колеги полетаа кон Месечината, со себе ги понесоа надежите на целата нација“, изјави Обама.

За германската влада Армстронг е „ на исто рамниште со Кристофер Колумбо“.