1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почна Генералната дебата на ОН

ЕМФ/дв/епд25 септември 2012

Во Њујорк почна Генералната дебата на 67-мото Заседание на Генералното собрание на Обединетите нации. До понеделник (01.10.) пред делегатите треба да зборуваат околу 200 говорници.

https://p.dw.com/p/16Dxn
Фотографија: Getty Images

Главна тема на годинашната Генерална дебата во Њујорк е конфликтот во Сирија. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун на почетокот на дебатата со драстични зборови побара крај на насилството во земјата. Конфликтот се развива во „регионална катастрофа со глобални последици“, рече Бан. Според него, владата на Башар ал-Асад е одговорна за брутално крешње на човековите права. Бан ги повика членките на Советот за безбедност и арапските земји да им дадат поддршка на напорите на специјалниот пратеник за Сирија Лакдар Брахими. Брахими вчера (24.09) пред Советот за безбедност оцени дека нема изгледи за брзо завршување на насилството во Сирија.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун во Њујорк ги повика и богатите земји да ги исполнат своите финансиски ветувања кон сиромашните. Тој потсети на милениумските цели, кои треба да бидат остварени до 2015 година. Се‘ уште не е сигурно дали сите цели ќе бидат исполнети.