1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почна смената на власта

Александар Чомовски28 август 2006

Примопредавањето на должноста во владата почна вчера,а продолжува денеска.Во првата изјава по изборот премиерот Никола Груевски рече:ќе биде тешко,но промени мора да има

https://p.dw.com/p/Adcd
Груевски и официјално ја презеде функцијата
Груевски и официјално ја презеде функцијатаФотографија: AP

Прв работен за Никола Груевски на премиерската позиција.За утре е најавен и почеток на работата на неговиот кабинет од 21 член.Од вчера напладне започна примопредавањето на надлежностите.Смената на власта ја направија Бучковски и Груевски,утринава продолжуваат и министрите.Не е јасно како ќе се изврши смената на власта во министерствата каде министри беа членови од ДУИ,која не ја признава легитимноста на идниот македонски премиер.Груевски се повнимателен во прогнозите ,но и се поуверен во исходот,ќе биде тешко,но ќе има напредок,рече веднаш по изборот новиот шеф на македонската влада:

-Со многу посветеност и чесен однос кон работата што им е дадена на новите министри,уверен сум дека ќе успееме чекор по чекор да создадеме подобар квалитет за граѓаните на Македонија.

Груевски влезе во владиниот кабинет,Бучковски се префрли во опозициските клупи.

Бучковски синоќа на партискиот врв на СДСМ му повтори,на 2 септември ќе побара гласање за доверба од Централниот одбор за да го води и реформира Социјалдемократскиот сојуз.Вчера Илинка Митрева го поздрави Антонио Милошовски,предавајќи му го кабинетот,денеска ќе има смена во министерството за одбрана.

-Она што реално може да се процени е дека нашата прва станица на која ќе ги дадеме максималните напори за да стигнеме,е НАТО.

-Вкупно се три цели,првата е НАТО,втората и третата исто така,велат младите Милошовски и Еленовски,клучните министри за евроатлански интеграции.По утрешната владина седница ќе стартуваат и промените на доверливите и моќни позиции во тајната полиција и јавната безбедност,директорите на финансиските и јавни фондови.Премиерот не се откажува од идејата во фондот за здравство да се донесе менаџер од странство.Иако е оспорувана идејата за странец како македонски државен обвинител,сигурно е дека инертниот Александар Прчевски ќе замине од позицијата која не беше во функција на борба против криминалот.