1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Masterstudiengang DW-Akademie

10 септември 2009

Во академијата на „Дојче веле“ денеска (10.09.09) пристигнаа првите студенти на мастер-студиите по меѓународни медиуми. Тие ќе можат да го почувствуваат светот на медиумите на своја кожа - практично и теоретски.

https://p.dw.com/p/JZJl
Фотографија: DW

Тие се новинари, водители, коментатори, маркетинг-експерти или наставници по германски јазик. Но, решија уште еднаш да му се вратат на студентскиот живот - првата генерација студенти на „Меѓународните медиумски студии“, новите мастер студии на „Дојче веле“.

„Имам големо практично искуство во телевизија и весник, но тоа никогаш не сум го учела теоретски“, вели 24-годишната Марија Игњатовиќ од Србија.

Абдула Хамад од Јордан верува дека по завршувањето на мастер студиите на „Дојче веле“ ќе има подобри шанси на пазарот на труд: „Дојче веле има висок рејтинг и сметам дека тоа многу ќе ми помогне“, смета Јорданецот.

Откако конкурсот беше распишан, пристигнаа седумстотини пријави, од кои 150 ја поминаа првата селекција. По оценувањето според сите критериуми и интензивните разговори очи в очи, на крајот беа одбрани 22 апликанти. Еден од предусловите беше и добро познавање на германскиот и англискиот јазик, бидејќи студиите се билингвални, односно се одвиваат на двата јазика.

Themenbild Masterstudiengang DW-Akademie
Теорија и пракса - програмата е разновиднаФотографија: DW

Богата програма во четирти семестри

Мастер-студиите по меѓународни медиуми се соработка меѓу Академијата на „Дојче веле“, која има долгогодишно искуство во обуката на новинари, менаџери и техничари од земјите во развој, Институтот за комуникации при универзитетот во Бон и факултетот „Бон-Рајн-Зиг“. Наставната програма беше заеднички составена и трае четири семестри. Предвидени се предавања, семинари, дискусиии, екскурзии и практика, се разбира, и во редакциите на „Дојче веле“.

Мастер-студиите чинат 6000 евра, меѓутоа голем дел од средствата ги покриваат разни стипендии, меѓу кои и Германската академска служба за размена, односно ДААД. На крајот од студиите, секој студент треба да изработи мастер-теза. По успешното завршување, студентите се здобиваат со титулата „мастер оф артс“.

Автор: Корнелија Рабиц / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска