1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почнуваат подготовките за предвремени избори

Александар Чомовски 14 април 2008

Откако Собранието се самораспушти, во Македонија почнуваат подготовките за предвремените избори закажани за 1 јуни. И меѓународните и независни организации се екипираат за испраќање свои набљудувачи

https://p.dw.com/p/DhFD
На 1 јуни нови парламентарни избориФотографија: aptn

Државната изборна комисија од денеска официјално започнува со работата, ќе го состави роковникот за следните избори. Во него ќе биде определено и времето за кампања од 20 денови, денот до кога ќе можат да се предаваат кандидатските листи за пратеници, жребувањето за рангирање на партиите на гласачкото ливче и други технички детали.

За првпат на овие избори секој кандидат за пратеник ќе мора да ја декларира својата етничка припадност. На овие избори ќе се применуваат острите кривични санкции: затвор од три до пет години за секој што ќе биде вмешан во случај на поткупи, притисоци врз членови на избирачките одбори. Тие пак ќе бидат составени од професионални судии, но и од редовите на професионалната јавна администрација.

ДИК и нејзиниот претседател беа и се под притисок на опозицијата, пред се од СДСМ. Оваа партија инсистира првиот човек на ова тело да биде од редовите на опозицијата.

Претседателот на ДИК, Јован Јосифовски е избран во 2006 година на предлог на тогашната опозиција, односно на Никола Груевски.

Јосифовски тврди дека ќе работи објективно.

Предвремените парламентарни избори најверојатно и овој пат ќе ги набљудува мисија на ОБСЕ, која во кус рок треб ада се екипира со околу 400 претставници. Од ОБСЕ затоа очекуваат што поскоро да ја добијат поканата од владата.