1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почнува автомобилското шоу во Детроит

9 јануари 2012

Ауди, Мерцедес, Фолксваген или БМВ - сите на американскиот пазар во 2011 година бележеа рекордни добивки. Германските автопроизводители имаат намера во иднина да ги прошируваат уште повеќе своите капацитети во САД.

https://p.dw.com/p/13gL7
Фотографија: picture alliance/dpa

Последни подготовки непосредно пред почетокот на саемот за автомобили во Детроит. Ауди, Мерцедес, Фолксваген или БМВ се‘ едно - сите во 2011 година на американскиот пазар забележаа рекордна продажба.

Така би требало да се продолжи и во 2012-та. Јан Робертсон од управата на БМВ, вели:

„Сакаме да бележиме пораст и во 2012 година. Се разбира постојат ризици во дел од земјите и насекаде во светот ќе има осцилации. Но овде, во САД, довербата на потрошувачите се зголемува.“

Ауди сака во 2015 година да отвори фабрика во САД, за да биде подобро застапена на овој важен пазар. Мерцедес веќе произведува во американската сојузна држава Алабама, а фабриката сега треба да биде проширена за таму да се произведува Ц-класата на Мерцедес.

Во Детроит, марката со ѕвезда го презентира не само новиот Мерцедес СЛ:

„Исто како и последната година, се претставуваме со шест нови возила. Тоа е силен аргумент за нашите постоечки и потенцијални муштерии“, убеден е Дитер Цече, претседател ан Урпавниот одбор на Дајмлер.

Symbolbild Deutsche Automarken Audi Mercedes Benz BMW USA China
Каква и да биде економската ситуација во светот, германските производители се „на сигурно“Фотографија: DW

Фолксваген има намера да шири пред се‘ во Кина. Таму до 2016 година треба да се инвестираат 14 милијарди евра.

Инетресот за електро-автомобили е и натаму голем. Но, како што се жалат многумина од произведувачите, побарувачката од страна на муштериите е скромна.

Германските автопроизводители гледаат оптимистички кон новата година. Дури и порастот во Европа и некои земји во забрзан подем да биде побавен, побарувачката на германски автомобили во светот и натаму ќе расте.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Миодраг Шориќ / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Борис Георгиевски