1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почнува Бундеслигата

6 август 2004

Денеска стартува 42-та сезона во германската фудбалска Бундеслига. Германија, колку тоа и болно да звучи, веќе не е фудбалска голема сила, туку европски – просек. А, сепак, Бундеслигата е во ”бум” како никогаш досега.

https://p.dw.com/p/Aemj
Лого на Бундеслигата и на тимовите во неа
Лого на Бундеслигата и на тимовите во неаФотографија: AP

Ако се погледнат бројките на гледачи во последната сезона, тогаш во никој случај не може да станува збор за криза во германскиот фудбал. На германските стадиони имало многу повеќе гледачи отколку во Италија, Шпанија или Англија. – земји кои во моментов водат на скалата на вреднување на УЕФА. Експертите сметаат со тоа дека трендот ќе се задржи и во оваа сезона. Најдобар доказ е големиот инетрес за годишни карти. Досега се продадени 340 илјади.

На титулатта првак најмногу ќе атакува, повторно, Барн Минхен. Тимот е значително зајакнат за новата сезона. Од Дортмунд е донесен Торстен Фрингс, од Леверкузен дојде Бразилецот Лусио, а од Бохум - Иранецот Вахид Хашемиан. За тројцата, Баерн плати 23 милиони евра, што е повеќе од годишниот буџет на некои тимови од Бундеслигата. Дека Баерн нема да атакува само на титулата германски првак, туку и на други титули, простор за соменавње не остави ниту новиот тренер Феликс Магат, уште пред победата на натпреварите за купот.

”Веќе долго време сум загреан и досега немам освоено ниту една титула како тренер. И играчите кои веќе имаат освоени титули, како Оливер Кан, во последните денови се почесто велат дека се загреани за лов на титули. ”

Најголем противник на Минхенци и оваа сезона може да биде Вердер Бремен. Аилтон, најдобриот стрелец од минатата сезона, го напушти германскиот првак, но Бременци се надеваат дека Мирослав Клозе е еднаква замена за бразилецот. Германскиот репрезентативец, кој во последно време се покажа салбо, како во неговиот клуб, така и во националниот тим, е донесен од Кајзерслаутерн во Бремен за износ од пет милиони евра отштета.

Што се однесува до новодојдените во Бундеслигата, ним ќе им биде тешко, исто како и претходните сезони. Ескепртите најмногу шанси за опастанок му даваат на ФЦ Нирнберг. Арминиа Билефелд и ФСВ Мајнц, анспроти тоа важата како аутсајдери. Билефелд во својата историја сеудм пати минувал од втората во првата лига и со тоа го држи германскиот рекорд. Мајнц,пак, првпат е во фудбалскиот горен дом. Од основањето на Бундеслигата, тимот е 49-тиот прволигаш. Тоа што го разликува од многу други е фактот дека во тимот – нема ѕвезди. ”Јас сакам да обучувам играчи за прва лига, а не да купувам”, гласи кредото на шефот на тимот, Јирген крамни. Тој е реален што се однесува до шансите да се остане во лигата:

”Наша јака страна е заедништвото. Ниту во втората лига немавме потреба од ѕвезди. Едноставно, мора добро да функционираме како тим. Само така имаме шанса.”

На германскиот фудбал не му недостигаат сила, кондиција и ангажман, туку разиграност, задржување на топката, техника, убава игра. За тој повторно да добие на углед, може да се погрижи новата, непотрошена генерација играчи, како на пример Филип Лам од Штутгарт или Михаел Делура од Шалке 04.