1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почнува купот на конфедерациите

15 јуни 2005

Со почетокот на купот на конфедерациите, за домаќинот Германија започнува жешката фаза на подготовките за светскотот фудбалско првенство во идната година. Во Келн и во Франкфурт денеска ќе се играат првите два од вкупно 16 напревари.

https://p.dw.com/p/Aekv
Најголема ѕвезда на турнирот - Роналдињо
Најголема ѕвезда на турнирот - РоналдињоФотографија: dpa

Турнирот го отвораат репрезентациите на Тунис и Аргентина, а вечер Германија игра против Австралија. Пред тој натпревар, на прес конференција зборуваа асистентот на Јирген Клинсман, Јоахим Лев и голманот Оливер Кан:

„Сега ќе се покаже како ментално ќе пристапиме кон турнирот. Сега е важно фокусот во наредните две недели вистна да го поставиме кон турнирот, да се концентрираме од натрпевар до натпревар и да бидеме во состојба постојано да одржуваме напнатост. Сега важи само турнирот, а во екипата се гледа дека сите се радосни што започнува. Сигурни сме дека ќе одиграме добро и дека ќе имаме добар старт. Се рабира дека сакаме да победиме на овој турнир, тоа е нашата цел и мислам дека екипата е добро подготвена„.

Голманот на германската репрезентација Оливер Кан изјави:

„Верувам дека овој куп, бидејќи се игра токму во Германија, има посебна вредност не само за гледачите, туку и за нас како екипа. Имаме многу млади играчи кои не играле често на меѓународната сцена. Затоа е важно што играме дома, но не само за нив, туку целата екипа одвај чека да покаже до каде сме стигнале со нашата работа„.