1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почнува трката за претседателската фотелја во Франција

ЕМФ/дв21 април 2012

Со отворањето на изборните места во прекуокеанските региони, денеска почнува првата рунда од претседателските избори во Франција. Анкетите му се наклонети на социјалистот Франоса Оланд.

https://p.dw.com/p/14ity
Фотографија: AP

Околу 900.000 луѓе со право на галс од вкупно 44 милиони избирачи смеат веќе денеска (21.04) да гласаат на претседателските избори во Франција. Тоа, меѓу другото, се избирачите во Гваделупе, Француска Гвајана, Мартиник и Француска Полинезија. Тие, еден ден пред терминот за избори, смеат да гласаат за еден од десетте кандидати.

Ваквото правило е воведено поради временската разлика меѓу некои прекуокеански подрачја и Франција. Доколку не постои ваквата можност, на некои места би се гласало по затворањето на избирачките места во Франција.

Голем фаворите на изборите е социјалистот Франсоа Оланд. Тој со месеци води во истражувањата на јавното мислење. Конечаната одлука за тоа дали Оланд или актуелниот претседател Никола Саркози ќе седнат на претседателската фотелја најверојатно ќе падне во вториот круг од изборите, на 6 мај, поради тоа што победникот треба да има освоено апсолутно мнозинство гласови.

Последните анкети покажуваат дека за Оланд би гласале 28 проценти избирачи, за Саркози 26 проценти, додека за десноекстремната Марин Ле Пен - 16 проценти. За вториот круг избори се предвидуваат 56 проценти гласови на контото на Оланд и само 44 проценти за Саркози.