1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По германско искуство за справување со отпадот

Ј.Јорданова/ С.Недевски 3 февруари 2013

Отстранувањето на отпадот е еден од најголемите проблеми на грчките општини. За тој да се реши мора да се создаде ефикасен систем за чистење на отпадот. Градоначалникот на Солун се запозна со германското искуство.

https://p.dw.com/p/16wVo
Фотографија: dapd

Отстранување на отпадот во Келн - на секоја кошница за отпад и се обрнува внимание. На плоштадот пред катедралата годишно поминуваат повеќе од 2 милиони туристи. Дали е и покрај тоа Келн чист град? Што мислат граѓаните:

„Да, чист е.“

„Toa e всушност заслуга на градската комунална служба.“

„Но граѓаните понекогаш се однесуваат многу лошо. Само што купив сладолед и сега барам кошница за отпад во која би можел да го фрлам ова. На улица нема да го фрлам.“

Во Солун нема толкава свест за заштита на околината. Во градот збратимен со Келн раздвојувањето на отпадот не е познато. Тоа за градската управа е голем проблем.

Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис дојде во Келн за да ги слушне советите на германските стручњаци. За него чистите улици се белег на германските градови:  „Нормално дека улиците се чисти бидејќи луѓето не ги фрлаат туку-така отпушоците од цигарите. Културата е поинаква. Тоа не е чудно и не доаѓа само по себе. За тоа сигурно придонесуваат и паричните казни. Има една грчка изрека: понекогаш треба и на светците да им се заканиш со казна за да останат свети.“

Boutaris Bürgermeister von Thessaloniki in Köln
Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис во КелнФотографија: DW

Седумдесетгодишниот Јанис Бутарис е необичен политичар, а всушност инсистира да не биде тоа. Поранешниот винар се навикнал да бара практични решенија.
Изгледа дека во Келн е на вистинското место, бидејќи Келн има искуство во отстранување на отпадот. Градската управа знае како може да се заработи од отпадот. Разделувањето на отпадот е првиот чекор.

Manieren in der deutschen Arbeitswelt Flash-Galerie Mülltrennung
Во германските домаќинства отпадот се сортираФотографија: Fotolia/TrudiDesign

„Ако градоначалникот навистина остане доследен и спроведува акции за информирање на граѓаните уверен сум дека за неколку години граѓаните ќе се однесуваат повнимателно со отпадот. И оти ќе го разделуваат отпадот и дека нема туку така да го фрлаат во природа. Мислам дека тој процес треба постојано да се поттикнува, постојано да се прават промоции за тоа, почнувајќи од училиштата, градинките. Верувам дека тогаш и Солун за неколку години ќе изгледа поинаку“, вели директорот на јавното претпријатие за отстранување отпад во Келн, Андреас Фројнд.

Бутарис знае дека за тоа треба време. Но, тој е одлучен да даде за тоа поттик. Во Келн самиот стекна слика и притоа не собра само впечатоци. „Имам мала збирка сувенири од секој град кој сум го посетил. Секако дека дома имам и неколку кич предмети.“

Во патната торба тој има и едно конкретно ветување за помош.