1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По одделните, денеска заедничка средба на Нимиц со преговарачите

СН/АТ/миа/дв30 јануари 2013

По денешната заедничка средба на медијаторот во спорот за името Метју Нимиц со амбасадорите Јолевски и Василакис најавена е прес-конференција на која ќе бидат изнесени повеќе детали за текот на разговорите.

https://p.dw.com/p/17TtB
Фотографија: Petr Stojanovski

Посредникот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц синоќа во Њујорк се сретна со претставниците на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Состанокот со Јолевски во седиштето на ОН, како што пренесе македонската телевизија Канал 5, траел кратко при што Нимиц му ги пренел ставововите на грчката страна кои што се однесуваат на македонските предлози доставени до медијаторот.

Нимиц претходно се сретнал и со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис од кого ги добил ставовите и реакциите на најновиот пакет идеи кои што медијаторот во соработка со американски и европски дипломати ги развил по посетата на Скопје и Атина пред дваесетина дена.

По консултациите на двајцата преговарачи со своите влади во Скопје и Атина, денеска продолжуваат разговорите на заедничка средба на која се очекува да бидат разгледани сите прашања од идеите презентирани од Нимиц. По средбата, како што дознава ДВ, Нимиц, Јолевски и Василакис треба да дадат изјави на прес-конференција во Њујорк.