1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Правен пораз за Буш

30 јуни 2006

Врховниот суд на Америка, во Вашингтон вчера изгласа укинување на воените трибунали за Гвантанамо, кој го формираше претседателот Џорџ Буш. Тужбата ја поднесе поранешнит возач на Осама бин Ладен, Салим Ахмед Хамдан, кој веќе четири години е во Гвантанамо и е обвинет пред воен трибунал.

https://p.dw.com/p/Ae0T
Џорџ Буш
Џорџ БушФотографија: AP

Со нетрпение очекувана пресуда беше донесена со 5 гласови за и 3 против. Во образложението на судиите околу легитмноста на судот се вели дека така наречените воени трибунали во ниту еден момент не биле авторизирани од страна на американскиот конгрес. Обвинетите во Гвантанамо освен ова би морале да ги добијат истите права како и сите други воени затвореници соодветно на Женевската конвенција.

Владата на Буш по терористичките напади од 11 септември 2001 година зазема позиција според која, затворениците упасени во рамките на борбата против теророт се третираат како нова категорија таканаречени непријателски борци, кои не носеле униформа и поради што не би се применувале нормалните правила на меѓународно воено право. Американскиот врховен суд сега ја стопираше оваа интерпретација и од неа прозилезената правна пракса.

Претседателот Џорџ Буш со ова доживеа тежок правен пораз. Тој појасни дека ќе се почитува пресудата и ќе се најде излез. Како тој би изгледал Буш рече „Во таа мерка во која пресудата создава можности, да се соработува со конгресот и да се изнајде дали воените трибунали би биле можен пат.“

Буш значи сака да ја формира правната основа која недостасува, и според која тој по нападите од 11 септември едноставно си го зема правото во воени времиња да формира трибунали каде ќе им се суди на затворениците. Буш истовремено јасно кажа дека Гвантанамо сега нема да биде едноставно затворен. „Оваа пресуда, колку што разбирам нема да води до тоа, убијците да бидат пуштени на улица.“

Но оваа пресуда нема да им непосредно влијание врз затвореничкиот логор на Куба и тамошните околу 460 затвореници. Судиите досеноа одлука за судската праведност која се спроведува таму, а не за правната основа за Гвантанамо. Во секој случај владата на Буш ќе мора да нјаде нов пат, барем што се однесува до правната постапка.

Можно е пресудата да го забрза развојот во Гвантанамо. Претседателот Буш во последно време повеќепати истакна дека радо би го затворил Гвантанамо, но дека би морало да се причека одлуката на Врховниот суд. Американското министерство за надворешни работи во моментов предговара со голем број држави за враќање на затворениците во нивните татковини. Од американска страна притоа е важно да се утврди дека затворениците во нивните татковини нема да бидат измачувани ниту пак ќе се вратат на бојните полиња во Авганистан и Ирак.