1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Православните христијани го слават Божик

АТ/ дпа/ епд/ дапд/ макфакс7 јануари 2013

Православните и коптските христијани во целиот свет го прославуваат големиот христијански празник Божик. Според јулиjанскиот календар празникот почнува на 7. јануари.

https://p.dw.com/p/17FFt
Фотографија: MIA

Во сите храмови на Македонскат аправославна црква Охридска архиепископија денеска се одржуваат литургии по повод Божик.

Во своето Божикно послание, Поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан повика на зачувување на семејството како основна клетка на секое општество и застана против озаконувањето на истополовите бракови. „Тоа не само што е прекршување на светата волја Божја, туку е вовед и предуслов за распаѓање на семејството како основна клетка на секоја цивилизација и општество. Заедништвото со Бога и со оние околу нас, почнува во семејството; во семејството се стекнува љубовта кон Бога и кон ближниот; во семејството се учат семејните, верските и културните традиции. Од здравото, пак, христијанско семејство излегуваат богобојазливи и духовно цврсти личности, полезни и за Црквата и за Татковината. Затоа, нам, како следбеници Христови, кои го почитуваме Неговиот закон, Бог ни дал света должност - да опоменуваме и да се обидеме да ја спречиме ерозијата на моралот и обесчестувањето на бракот и семејството", порача Архиепископот г.г. Стефан.

NO FLASH Kerzen Mazedonien Skopje
Фотографија: picture-alliance/dpa

Православните и коптските христијани во целиот свет во текот на ноќта започнаа со прославата на Божик.

Во Русија околу 5.000 христијани се собраа во црквата Христос спасителот во Москва. Патријархот на Руската православната црква Кирил во полноќната миса предупреди од амбициите по моќ. „Пораката на божикната приказна  не е да се стане богат и моќен, како што некои се’уште веруваат“, рече црковниот поглавар Тој во полноќната проповед ги повика Русите и да посвојуваат сираци. Поглаварот на Руската православна црква патријархот Московски и на цела Русија Кирил во Божикното послание за 2013 година ги повика верниците и да ја одржуваат љубовта кон Спасителот и секогаш да го имаат во своите мисли доброто на народот црквата на татковината. На богослужбата во московската катедрала присуствуваше премиерот Дмитриј Медведев, додека претседателот Владимир Путин ја посети богослужбата во женскиот манастир во Сочи.

Orthodoxe Weihnachten Russland
Прослава на Божик во РусијаФотографија: Reuters

Божикната прослава на коптските христијани во Египет, која исто така започна во неделата, беше засенета од загриженоста за религиозна слобода во земјата. Мисата во катедралата во Каиро ја целебрираше коптскиот папа Тавадрос Втори. Околу десет проценти од египетското население се копти.