1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прага прераснува во „Амстердам на Истокот“

11 април 2011

Откако чешката влада дозволи ограничено поседување и консумирање дрога, а Холандија им забрани на туристите да купуваат лесни дроги, во Чешка расте бројот на туристи, кои доаѓаат токму поради тоа.

https://p.dw.com/p/10oFN
Titel: Trang Dothu Copyright: Trang Dothu Schlagworte: prag, tschechische republik, blick aus meinem fenster,
ПрагаФотографија: Trang Dothu

Подиумот во ноќниот клуб „Крос“ во Прага е полн. Гостите танцуваат пред пултот на диск-џокејот. Во големата просторија се појавува Томас Зденек, кого сите тука го нарекуваат Лоренцо. Тој заедно со неколку негови пријатели пред осум години го отвори клубот, што со текот на годините се разви во легенда на ноќниот живот во Прага. Речиси секоја вечер има жива музика на едно од трите нивоа. Клубот стана централно место за алтернативни бендови и новите музичари, што се’ уште го испробуваат нивниот стил, а повремено и различните состојби на нивната свест: „Музичката култура е многу тесно поврзана со дрогата. Тоа од секогаш било така, што не значи дека сите консумираат дрога. Јас, на пример, веќе со години не земам никаква дрога и не пијам. Но, голем број музичари благодарение на дрогата стигнале до таму каде што се денеска. Оние што настапуваат во клубот повремено пушат марихуана, а и луѓето во публиката исто така“, објаснува Лоренцо.

Клубот „Крос“ претставува нов животен стил

Der Cross-Club in Prag ist bekannt für sein originelles Design: Aus Schrott haben Künstler die Außenanlage und das Interieur gestaltet (Außenaufnahme) Tomas „Lorenzo“ Zdenek, Gründer des Cross Clubs Ein Grow-Shop im Prager Szene-Stadtviertel Zizkov Foto: Kilian Kirchgeßner, Februar/März 2011, Prag
Ноќниот клуб „Крос“Фотографија: Kilian Kirchgeßner

Во Прага, имено, се разви нова сцена, со свои ресторани, клубови и продавници. На ваквата алтернативна публика Прага делува како магнет. Овде доаѓаат луѓе од цел свет за да пушат лесни дроги и да ја почувствуваат слободата. Според Лоренцо, една третина од гостите во неговиот клуб се странски туристи. „Многу луѓе се радуваат што можат слободно да „дуваат“ на улица и во некои кафулиња и клубови. Тие тоа не можат да го прават во нивните земји и мора да се кријат. Многумина се плашат дека поради неколку грама марихуана можат да завршат в’ затвор. За среќа тоа кај нас е поинаку“, вели Лоренцо.

Во Чешка не е дозволено поседување дрога, но во законите се дефинирани повисоки граници. Имено, секој кој со себе носи 15 грама марихуана, еден грам кокаин или 1,5 грама хероин нема да биде кривично гонет, туку ќе добие само прекршочна пријава. Прага во меѓувреме ја достигнува популарноста на поранешниот центар на лесни дроги – Амстердам. Полицијата во земјата со загриженост го следи развојот на настаните.

Во извештај за дрогите за измината година се забележуваат повеќе негативни рекорди

Der Cross-Club in Prag ist bekannt für sein originelles Design: Aus Schrott haben Künstler die Außenanlage und das Interieur gestaltet (Außenaufnahme) Tomas „Lorenzo“ Zdenek, Gründer des Cross Clubs Ein Grow-Shop im Prager Szene-Stadtviertel Zizkov Foto: Kilian Kirchgeßner, Februar/März 2011, Prag
Во Прага се развива нов животен стилФотографија: Kilian Kirchgeßner

Имено, биле откриени дури 145 комерцијални плантажи на канабис, две третини повеќе од претходната година. Јакуб Фридрих е одговорен за сузбивање на дрогата во земјата. Тој понекогаш се потсетува на годините непосредно по политичкиот пресврт: „Почетокот беше речиси романтичен, тогаш имаше една субкултура на ситни одгледувачи на лесни дроги. Тие ги одгледуваа и разменуваа растенијата, но тоа беше повеќе на филозофско-духовна база. Денес пазарот има комерцијален карактер, освен тоа има многу активни банди од Виетнам и Холандија и ситуацијата стана проблематична“, објаснува Фридрих.

Дилери од соседните земји, како Германија или Полска, доаѓаат во Чешка за да се снабдат со дрога за домашниот пазар. Во службата за сузбивање на дрогата се ангажирани 180 полицајци, кои се распоредени низ целата земја.

Меѓутоа, најголемиот проблем во Чешка е толеранцијата на општеството кон дрогите. Чесите се традиционално толерантни кон конзумирањето марихуана. Ним не им пречи кога некој во јавност пуши „џоинт“. Поддржувачите на конзумирањето марихуана се борат за комплетна легализација на марихуаната. Тие за оваа цел со години на пролет демонстрираат на улиците во Прага. Годинава сакаат да мобилизираат околу 8.000 луѓе.

Автор: Килиан Кирхгеснер / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Жана Ацеска