1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пратениците на Берлускони можеби нема да го послушаат

Тилман Клајнјунг / Елизабета М. Фиданоска30 септември 2013

Силвио Берлускони веќе шпекулира со нови избори во Италија. Но воопшто не е сигурно дека премиерот Лета ќе загуби на гласањето за доверба - дел од пратениците на ПДЛ може да се спротивстават на намерите на Берлускони.

https://p.dw.com/p/19qNs
Фотографија: picture alliance/ROPI

На крајот на еден долг, хаотичен ден, италијанскиот премиер мораше да признае: „Ја загубив нишката.“ Енрико Лета, исто како и мнозинството Италијанци, веќе не знае на што е. Силвио Берлускони прво упати повик до своите министри да поднесат оставки. Тие го послушаа неговиот повик, за само ден потоа да изразат отворено сомневање во одлуката на својот партиски лидер.

„Не по секоја цена“

Лета сега сака јасност и го постави прашањето за доверба на владата, за што ќе се гласа во среда (02.11). „Најдобро за Италија е прашањето брзо да се најде во парламентот и на тој начин да ги принудам сите да се определат“, изјави премиерот. „Тоа е важно за мене, зашто не сакам да бидам раководител ’про форма’. Сакам да бидам во состојба да ги спроведам реформите со коишто започнавме. Но, се разбира, не по секоја цена.“

Symbolbild Italiens Regierung droht der Kollaps am 28. September 2013
Енрико Лета (д.) сака да знае на што еФотографија: Reuters

Берлускони ја турка својата партија ПДЛ, владата и целата земја во хаос. По пресудата во август му се заканува исклучување од парламентот и тоа тој сака да го спречи по секоја цена. Со образложение дека оставката на министрите на ПДЛ се случува во знак на протест поради зголемувањето на данокот коешто се заканува, тој лошо ги прикрива своите вистински мотиви. „Како претседател на партијата почувствував обврска од нашите министри да побарам да не бидат соучесници во вакво недело“, објасни тој. „Министрите веднаш постапија по моето барање врз основа на своето политичко убедување.“

Берлускони бара одржување нови избори веднаш и веќе се гледа себеси како победник. И популистот Бепе Гило, кој со своето движење „Пет ѕвезди“ имаше изненадувачки добар резултат на изборите во февруари, сака нови избори веднаш: „Мора да избираме повторно, сакаме сите нив да ги испратиме дома. Со влада на ’Пет ѕвезди’ повторно ќе ја консолидираме земјата.“

Резултатот од гласањето доверба - неизвесен

Одлучувачки предуслов за нови избори, меѓутоа, е Лета да загуби на гасањето за доверба на владата, закажано за два дена. А тоа во никој случај не е сигурно. Кај голем дел пратеници на ПДЛ е нејасно дали ќе го послушаат повикот на Берлускони.

Italien Antrittsrede Premierminister Enrico Letta
За доверба на владата ќе се гласа во среда, 02.11.2013Фотографија: Reuters

Последниот збор и онака го има претседателот Џорџо Наполитано. Само претседателот има овластување да ги распушта двата дома на парламентот. „Традицијата и Уставот го обврзуваат претседателот да ги распушти двата дома на парламенто само ако во никој случај нема мнозинство и влада за добробит на земјата“, вели тој.

Италија се заканува повторно да стане ризик за еврозоната. Владината криза може да предизвика зголемување на каматите на италијанските државни обврзници. Но на Силвио Берлускони тоа му е сеедно. Тој вчера предупреди дека соборувањето на владата не треба да се скандализира. Политичката стабилност, според Берлускони, е преценета!