1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пратениците на ДУИ си заминаа од собраниската сала

Горан Петрески1 август 2006

Во македонскиот парламент почна седницата на која Љубиша Георгиевски треба да биде избран за собраниски претседател. Уште не беше утврден ниту дневениот ред, кога по кусо објаснување пратениците од ДУИ ја напуштија собраниската сала.

https://p.dw.com/p/Ac4W
Фотографија: aptn

Пратениците од ДУИ нема да доаѓале на седниците на парламентот бидејќи не била “испочитувана волјата на мнозинството албански гласачи“. Оваа одлука била донесена синоќа во партискиот штаб во Мала Речица, а во парламентот ја соопшти Азис Положани. Од говорницата, екс министерот за образование рече дека се загрозени интересите и принципите на втората по бројност популација во Македонија и оти поради тоа ДУИ и ПДП ќе ги бојкотираат собраниските седници. Откако пратениците стана и ја напуштија салата, претседавачот со седницата, највозрасниот пратеник, Стојан Андов, рече дека жали за овој чин и оти се надева дека е ова еднократна одлука на ДУИ и ПДП. СДСМ побара едночасовна пауза.

Инаку, на новиот парламент му претстои донесување на неколку важни закони на чие донесување инсистира и меѓународната заедница и за кои е потребно двотретинско мнозинство.