1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пратениците ја одоборија реконструкцијата на македонската влада

11 јули 2009

По пет часа дискусија, околу полноќ пратениците во македонското Собрание ги изгласаа кандидатите за нови членови во владата, предложени од премиерот Никола Груевски.

https://p.dw.com/p/IlUU
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Зоран Ставрески е нов министер за финансии и го наследи Трајко Славески, кој е разрешен од функцијата. Ставрески воедно ќе биде и вицепремиер без ресор. Васко Наумовски е вицепремиер за европски прашања, кој функцијата ја наследува од Ивица Боцевски, по неговата оставка. Владимир Пешевски е вицепремиер за економски прашања, ресорот што досега го водеше Ставрески. Љупчо Димовски е нов министер за земјоделство, шумарство и водостопнаство, кој на таа позиција доаѓа по оставката на Ацо Спасеноски. Никола Тодоров е министер за образование и наука и ја наследува функцијата од Перо Стојановски, откако тој поднесе оставка.

Во расправата по оваа точка од дневниот ред на 66-тата собраниска седница пратениците од опозицијата ги критикуваа проектите и политиката на Владата. Од предложените кандидати за членови во Владата најчесто беа спомнувани новиот вицепремиер за европски прашања Васко Наумовски, кого го прозваа за конзервативизам, како противник на правото на абортус и поборник за веронаука, и поранешниот вицепремиер за економски прашања, а сега министер за финансии Зоран Ставрески, кого го обвинија за неуспешни проекти во економијата.

Автор: Александар Чомовски / Горан Чутаноски