1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прашалник: Корнелија фон Холен

24 септември 2010
https://p.dw.com/p/P7ao
Фотографија: DW

Име: Корнелија фон Холен

Возраст: 35 години

Место на раѓање: Бремерхафен

Семејна состојба: омажена

Деца: две

Професија: инспекторка за криминал

Образование: матура / диплома за работа во јавна администрација (полиција)

Како започнува мојот ден? Сопругот внимателно ме буди, туширање, семеен појадок со чај од нане.

Типично германски, според мене, е... сортирање на отпад.

Типично за мене е... правење списоци.

Најдобра особина ми е... добра организација, логично расудување.

Слаба страна ми е... тоа што најчесто доцнам.

Во слободното време најмногу сакам... да спортувам (атлетика).

Мое омилено јадење е... Тестенини со тиквички и сос од кашкавал и павлака.

Каква музика слушам? Најмногу рок, актуелни песни како „My heart is beating like a jungle drum“ од Емилијана Торини, Ејми Мекдоналд, Лили Ален.

Би сакала да имам повеќе време... за себе.

Кога мислам на иднината... се прашувам што ми носи.

Моето животно мото е ... „Се менуваш само себеси и ништо друго на светот.“


Автор: Зоран Арбутина

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска