1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прашања не се пожелни

АТ/ афп/ дпа/ ртр 20 септември 2012

Кинескиот премиер Вен Џиабао е за последен пат во посета на ЕУ во оваа функција. Меѓутоа тој ќе ги избегне критичките прашања на новинарите. Од Брисел ќе има само убави фотографии.

https://p.dw.com/p/16Bsh
Фотографија: AFP/Getty Images

Во Брисел се одржува самит на ЕУ и Кина. Кинескиот премиер Вен Џиабао меѓутоа по разговорите со претседателот на Советот Херман ван Ромпој и претседателот на Комисијата на ЕУ Жозе Мануел Барозо не мора да стравува од новинарските прашања. Кинеската страна постави услови, кои не дозволуваат прес-конференција, изјави портпарол на Комисијата на ЕУ во Брисел.

Кина опстојувала на тоа да добие листа со имиња на новинари кои би присуствувале на прес- конференцијата и истите да смее да ги провери. Под вакви услови не е можен таков собир и затоа е откажана прес конференцијата, изјави портпаролка на претседателот на Комисијата, Барозо: „Жалам за тоа“.

Уште на Самитот ЕУ - Кина мината година новинарите во Брисел не добија шанса да им постават прашања на кинеските претставници. Средбата на највисоко ниво се одржува двапати годишно. Овој самит ќе биде последниот на кој Вен како премиер ја застапува Народна Република Кина. Од самитот не се очекуваат олуки, туку ќе стане збор за „зацврстување на постигнатото“, вели еден дипломат на ЕУ.

Трговските односи се очекува да играат главна улога на разговорите. Тие во моментов се оптоварени поради обвинувањето за дампинг од страна на кинеските фирми. Останати теми ќе бидат човековите права и актуелни кризи како конфликтот во Сирија или спорот околу ненаселените острови со Јапонија.