1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прашање на време е кога ќе падне Асад

БГ/ат/ртр/дв27 јули 2012

Генералот Роберт Муд, кој беше на чело на набљудувачката мисија на ОН во Сирија, вели дека секојдневно се регрутираат нови борци против режимот на Асад.

https://p.dw.com/p/15fRN
Фотографија: dapd

Прашање е на време кога ќе падне владата на Башар ал-Асад поради употребата на непропорционална сила против мобилните бунтовници, оцени генералот Роберт Муд, поранешен шеф на набљудувачката мисија на ОН во Сирија.

„Само прашање на време е кога еден режим, кој употребува таква тешка воена сила и непропорционално насилство против цивилно население, ќе падне“, изјави норвешкиот генерал кој го напушти Дамаск на 19 јули.

„По секое убиство на 15-ина луѓе во некое село, се регрутираат дополнителни 500 симпатизери, од кои 100-ина стануваат бунтовници“, вели Муд.

Сепак, според генералот, режимот на Асад има доволно сила да се одржува на власт уште со месеци, ако не и години.

Во меѓувреме, по повеќедневните борби во сириската милионска метропола Алепо, се претпоставува дека претстојат одлучувачките борби. Набљудувачката мисија за човекови права со седиште во Лондон информираше дека армијата стрелала врз градот од борбени хеликоптери. Во центарот на градот имало копнени трупи. Бунтовниците се подготвуваат за големата офанзива на војската. Стотици борци во градот поставиле блокади. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле апелираше до Кина и Русија повеќе да не го штитат режимот на Асад и да ја прекинат блокадата во Советот за безбеднсот на ОН, за да овозможат услови за воведување построги санкции.

Syrien Aleppo Rebellen
Борби во АлепоФотографија: picture-alliance/dpa