1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прва рунда - ќе го прифати ли Египет новиот устав?

Александар Методијев/афп/ројтерс15 декември 2012

Египќаните денеска (15.12) гласаат за новиот устав поддржан од владејачките исламисти, а оспоруван од секуларната опозиција. Гласачките места се отворени во Каиро, Александрија и осум други провинции.

https://p.dw.com/p/1732S
Фотографија: Reuters

Гласачките места се отворени од 8 часот по локално време и ќе бидат затворени во 19 часот. Ова е прва рунда од гласањето, а во втората фаза, на 22 декември, ќе гласа остатокот од земјата. Причина за гласање во две фази е несогласноста на доволен број судии да го набљудуваат процесот на гласање.

На неколку часа пред гласањето, во текот на вчерашниот ден, во џамија во Александрија дојде до судир меѓу исламистите и членови на опозицијата. За справување со учесниците во инцидентот египетската полиција мораше да употреби солзавец. Во судирите се повредени најмалку 19 луѓе. Екстремистите извадиле мечеви, додека опозицијата фрлала со камења по нив.

Исламистите и египетскиот претседател Мохамед Мурси се оние кои го поддржуваат новиот устав, за кој се гласа на референдумот. Опозицијата стравува дека таквиот устав би можел да претставува почеток на спроведување на шеријатското право.