Прва седница на новиот македонски парламент
26 јули 2006Најстариот пратеник во македонското собрание ја отвори првата седница на новиот состав на парламентот. „Дами и господа пратеници, почитувани гости. Во согласност со одредбите на деловникот на собранието на Република Македонија имам чест да ја отворам конститутивната седница на собранието на Република Македонија.“ рече Андов
Новото собрание изгледа вака: 45 пратеници од ВМРО ДПМНЕ седнаа во централниот дел на собраниската сала. Партерот десно го зафатија 32 пратреници на СДСМ меѓу нив и премиерот Бучковски и неговите министри во заминување. Зад пратениците од ВМРО ДПМНЕ седнаа 11 члената пратеничка група на ДПА, а во десниот партет 17 пратеници на ДУИ, 6 од ВМРО Народна, 7 од НСДП и по еден од ДОМ и ПЕИ. На стартот на конститутивната седница не се забележа присуствотот на поранешниот премиер Љупчо Георгиевски. Пореди свечениот карактер, на седницата присуствуваа шефот на државата Бранко Црвенковски, претставници на верските заедници и дипломатскиот кор.
Претседавачот со седницата Стојан Андов и даде време на верификационата комисија да номинира кандидати за собраниски спикер и членови на комисиите. Според уставот во рок од 10 дена од конституирањето на парламентот, Црвенковски е должен да го додели мандатот за состав на владата.