1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прва цел на Обама - справување со финансиската криза

Ридигер Паулерт8 ноември 2008

Само што го избраа, а Барак Обама веќе зрачи со харизматичност. На прес конференцијата во Чикаго, со своите финансиски советници кои стоеја зад него, Обама зборуваше најмногу за светската финансиска криза.

https://p.dw.com/p/Fpir
Барак Обама на средбата со тимот финансиски советнициФотографија: AP

Со оглед на растечката невработеност и економија која оди по надолна линија, новоизбраниот претседател на САД, Барак Обама изјави: „Конјуктурна програма која ќе ја поттикне економијата е неопходна веќе долго време. Конечно треба да ја донесеме.“

Би било добро тоа да се случи уште во преодниот период, значи пред преземањето на власта, додаде Обама: „Сметам дека конјуктурна програма треба да се донесе што е можно побргу. Ако тоа не се случи во преодниот период, тогаш тоа ќе биде првото што ќе го направам како претседател на САД.“

Конјуктурна програма која ќе и‘ помогне пред се‘ на средната класа

Конјуктурната програма треба да создаде работни места и да обезбеди - средната класа во САД да добива плата и да може повторно да си ги плаќа сметките. Освен тоа, треба да им се помогне и на малите претпријатија. Освен тоа, ќе се внимава добро пакетот мерки да им помогне на оние кај кои проблемите и почнаа - сопствениците на куќи и станови, кои веќе не можат да ги исплаќаат хипотекарските кредити.

Обама, на својата прва прес конференција делуваше како сето тоа за него да е рутина. Имињата на неговиот раководен тим ќе ги објави тогаш кога тимот ќе биде составен, одговори едноставно на поставеното новинарско прашање. В понеделник (10.08.2008), Обама заедно со сопругата Мишел ќе ја посети Белата куќа, на покана на претседателот Џорџ Буш.

Кучето на ќерките не смее да предизвикува алергии

На крајот на прес конференцијата, Обама се погрижи за разведрување. Кога беше прашан дали ќе им купи куче на двете ќерки, кое им го вети во говорот веднаш по дознавањето на резултатите од изборите, тој одговори дека тоа воопшто не е едноставно - помладата ќерка има алергија: „Кучето мора да биде анти-алергично. Постои редица раси кои не предизвикуваат алергии. Но, од друга страна, најмногу би сакале куќе од домовите за кучиња. Но, тие се очигледно, мешани, исто како јас!“