1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Првиот политички протест на Олимпијадите

16 јули 2008

1968-афро-американците се бореа за граѓански права. На местото на ненасилниот отпор на Мартин Лутер Кинг настапи радикалното движење Блек Пауер. САД беа поделени-и се бараше спас преку Олимпијадата во Мексико Сити,но...

https://p.dw.com/p/EdZF
Томи Смит и Џон Весли Карлос и нивниот протест на церемонијата на доделување медали во Мексико СитиФотографија: AP

Дека во 1968 година Америка беше длабоко поделена и оти Олимпијадите долго пред Тибетското прашање беа политички обременети , покажува и приказната на американските атлетичари Томи Смит и Џон Весли Карлос. Притоа тие пред се сакаа да ја зголемат листата медали за својата земја - злато за Смит, сребро за Карлос во финалната трка на 200 метри за мажи.

Кренати тупаници со црни ракавици

Вечерта на 17 октомври при церемонијата за доделување на медалите за 200 метри , додека се креваше американското знаме и свиреше американската химна , двајцата атлетичари ги кренаа своите тупаници на кои имаше црна ракавица - симболот на „Блек пауер“ . Тие гледаа во земја и носеа црни чорапи како знак за сиромаштијата.

Идејата за ракавиците беше на Карлос. Тие меѓутоа имаа само еден пар кој му припаѓал на Смит , па морале да го поделат овој пар. Така испадна олимпискиот победник Смит да ја крене десната тупаница во воздух а Карлос левата. Двајцата меѓутоа не беа приврзаници на движењето „Црни пантери“ , чив радикален водач Малколм Икс прв ја користеше црната ракавица. Нивниот носител на надеж беше Мартин Лутер Кинг , кој претходно својот сон го плати со живот. Смит и Карлос , сакаа да го искажат својот револт против расизмот и неправедноста - но и против крвавата акција на мексиканската армија против студентите , кои во центарот на Олимпискиот град протестираа против авторитарниот претседател Диаз Ордаз. Набљудувачите проценија дека бројот на загинати изнесува најмалку 325.

„Бунтовниците“ до денес не жалат за својот потег

Меѓународниот олимписки комитет реагираше со лутина на постапката на Карлос и Смит . Меѓутоа пред Националниот олимписки комитет на САД да ги исклучи двајцата од олимпискиот тим , тие веќе го беа напуштиле олимпиското село. Иако Карлос една година подоцна успеа да постави и светски рекорд на 110 јарди , неговата но и кариерата на Томи Смит по Олимпијадата во Мексико беше практично завршена. Смит подоцна стана професор на Оберлин колеџот и тренер во Санта Моника. Карлос работи во Палм спрингс како обезбедување.

„Тогаш добивав неброени смртни закани-вели Томи Смит денеска. Но сето тоа вредеше бидејќи јас верував во човековите права , и сметав дека е моја морална обврска да го искористам тој момент“ Во мојата земја владееја расизмот и неправедноста а јас стоев на светска сцена и тренерки на националниот тим на САД“

Политички ангажираните спортисти непожелни на Олимпијадите

Смит и Карлос тогаш не го променија светот, но тие го ставија прстот во раната , раната која се нарекуваше расизам и неправда , нетолеранција и експлоатација. На Олимпијадите меѓутоа политички ангажираните спортисти меѓутоа стојат на тенок мраз. Членот 61 од Олимписката повелба не остава простор за сомнеж. Цитат: Секоја политичка, религиозна или расистичка демонстрација или пропаганда е забранета на олиписките спортски борилишта“.

Тоа важеше уште тогаш ,таа вечер во Мексико сити, пред 40 години . Тоа важи и во Пекинг во летото 2008-ма.