1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Првите билети за Светското фудбалско првенство се пуштаат во продажба

МТ (ап, дпа, сид)20 август 2013

Првата серија на билети за Светското фудбалско првенство наредната година во Бразил, ќе бидат пуштени во продажба во текот на денов (20.08), 295 денови пред да започне првенството.

https://p.dw.com/p/19Sdi
Фотографија: picture alliance/dpa

Навивачите можат да се пријават за билетите за Светското првенство на веб страницата на светската фудбалска организација, ФИФА. Првата фаза од продажбата на билети требаше да почне во 10 часот по западноевропско време, но навивачите нема потреба да брзаат да се пријават на веб страницата. Сите барања поднесени пред 10 октомври ќе бидат внесени во случајниот избор поради веројатноста побарувачката да ја надмине понудата.

ФИФА се надева на побарувачка слична со таа во 2006 година на Светското првенство во Германија, надминувајќи го натпреварувањето во 2010 во Јужноафриканската Република. Повеќе од 3,3 милиони навивачи присуствуваа на првенството во 2006, додека малку под 2 милиони поминаа преку рампата во 2010. Околу 3,3 милиони билети се очекува да бидат достапни за Светското првенство наредното лето.

„Тешко е да се предвиди“, изјави маркетинг директорот на ФИФА Тиери Веил во Сао Паоло вчера (19.08.2013). „Но верувам дека повеќе ќе биде како тоа што се случуваше во Германија отколку во Јужноафриканската Република. Веруваме дека ќе има голема побарувачка за ова Светско првенство. Но сепак, ќе видиме по отворањето“.

На барање на Владата од Бразил, специјални билети со попуст ќе бидат достапни за посиромашните домашни навивачи за 47 од 48 групи на натпревари - исклучувајќи го отворањето кое го вклучува Бразил. Луѓето над 60 години, студентите и луѓето кои се дел од некоја социјална програма се квалификувани за пониските цени.

Приврзаниците на првенството ќе треба да одделат најмалку 90 долари (67,5 евра) за билетите за натпреварите по групи. Влезот за финалето на стадионот Маракана во Рио де Жанеиро ќе чини помеѓу 440 и 990 долари.

Thierry Weil FIFA Vertriebsleiter
Тиери Веил се надева дека побарувачката на билети ќе биде слична со таа во Германија во 2006-таФотографија: picture-alliance/dpa

Билетите кои нема да се продадат во првата фаза ќе бидат достапни на 5 ноември, но на начин - прв пријавен, прв услужен. Втората фаза на продажба ќе започне на 8 декември. До овој период, ќе се знаат тимовите на Светското првенство и ќе бидат извлечени групите, што значи дека навивачите ќе знаат веќе за кои тимови плаќаат да ги гледаат. Луѓето кои наддаваат за билети денеска (20.08.2013) ќе го знаат само датумот и цената, но не и земјите кои ќе се натпреваруваат.

Според правилата на ФИФА, секое домаќинство кое ќе наддава за билети може да побара до четири билети за седум натпревари за време на едномесечното натпреварување. Поради турканиците и хаосот на штандовите за подигање на билети за време на Купот на конфедерациите летово, за првпат ФИФА ќе нуди достава до дома на картите за Светското првенство, на трошок на клиентите.