1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Први плодови на демократската револуција во Тунис

23 октомври 2011

Девет месеци по соборувањето на долгогодишниот властодржец Зине Абедин Бен Али, граѓаните на Тунис денеска избираат парламент, кој треба да го донесе новиот устав на земјата.

https://p.dw.com/p/12xCG
Фотографија: picture-alliance/dpa

На првите демократски избори во Тунис по стекнувањето независност од Франција, седум милиони граѓани се повикани да ги изберат нивните претставници во собранието што треба да донесе нов устав. На изборите учествуваат повеќе од 100 политички партии, кои во изборната кампњата испратија 10.000 кандидати за вкупно 218 пратеничии места. Новите пратеници ќе треба во наредните 12 месеци да изготват нов устав, како и да ги подготват новите избори за парламент и претседател на државата. Експертите оценуваат дека најголеми симпатии кај избирачите засега има исламистичкото движење Енахда, кое беше забрането за време на владеењето на Бен Али.

Во јануари народот на Тунис како прв во регионот се крена против дологодишното владеење на Бен Али и неговиот режим. Тоа беше и почетокот на т.н. „арапска пролет“.

Автор: ГЧ/ЖА/дв

Редактор: Ж. Ацеска