1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прво патување во странство на папата Франциско

СН/ЖА/афп/хина/дпа/кна22 јули 2013

Папата Франциско денеска заминa на своето прво патување во странство во својот понтификат, и тоа во Бразил, најголемата католичка земја во светот која се’ уште не се смирува од социјалниот бунт што избувна во јуни.

https://p.dw.com/p/19BeA
Фотографија: Alberto Pizzoli/AFP/Getty Images

Папата Франциско, првиот латино-американски папа и језуит во историјата, ќе го предводи 28. Светски ден на младите (ЈМЈ) во Рио де Женеиро на кој се очекуваат 1,5 милиони млади аџии од 170 земји од светот, главно од Латинска Америка. Годишниот ЈМЈ се одржува под мотото „Дојдете и направете ги мои ученици сите народи“. Поранешниот надбискуп на Буенос Аирес кој има 76 години, сака воедно да и‘ даде поттик на Католичката црква на тој континент која во последните три децениија ја губи трката со протестантските цркви.

Во рамките на средбите со младите католици на плажата Копакабана и во „кампусот Фидел“ во Гуаратиба, 40 километри од Рио, папата ќе посети фавела- сиромашна населба, болничкиот одел за лечење на зависници од дрога и затвор. Наместо службени приеми, времето ќе го помине во разговори со свештениците. Повеќе од 30.000 полицајци и војници ќе се мобилизираат за ова случување кое властите го опишуваат како „најголема сигурносна операција во историјата на Рио“.
Безбедноста е засилена по масовните протести кои го потресоа овој јужноамерикански гигант за време на фудбалскиот Куп на конфедерации. Стотици илјади Бразилци протестираа ширум земјата барајќи подобри јавни служби, изразувајќи го своето незадоволсво поради раширената корупција и спротиставувајќи им се на големите трошоци за организација на фудбалскиот Мундијал во 2014 година. Бразилските атеисти и групата Анонимус од Рио, еден од главните организатори на јунските протести, повикаа на протести веднаш по доаѓањето на папата во Рио во понеделник.
Папата Франциско во неделата ги повика верниците од прозорот на папската палата (во која не живее) „во молитва да го следат“ на неговиот пат во Бразил.
„Таму ќе има толку многу млади од сите делови на светот. Затоа можеме да ја наречеме недела на младите. Протагонисти на оваа недела ќе бидат младите“, истакна тој.
Папата Франциско во текот на шестдневниот престој во Бразил ќе одржи 13 говори на 12 различни места. Во Бразил живеат најголем број католици во светот: 123 милиони, по последниот попис од 2010. Нивниот број од 91,8 проценти од населението во 1970 падна на 64,6 проценти во 2010 година.

Brasilien Papstbesuch Weltjugendtag 2013
Фотографија: DW/S. Hofmann