1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прв демографски самит во Берлин

СН/ЕМФ/дпа/ртр4 октомври 2012

Германија до 2060 година би можела да остане без една петтина од своето население. Владата во Берлин тргнува во потрага по стратегии за справување со лошите демографски тенденции.

https://p.dw.com/p/16JY6
Фотографија: picture-alliance/dpa

Германската влада денеска го организира нејзиниот прв демографски самит. На него се поканети претставници на сојузните покраини, општините, синдикатите, науката, економијата и општеството. Канцеларката Ангела Меркел и повеќемина министри имаат намера на средбата во Берлин со сите групи на население во земјата да трагаат по стратегии за справување со стареењето на населението во земјата. Колку е горлива темата на демографскиот развој, покажуваат и најновите статистички податоци според кои Германија до 2060 година би загубила до околу 17 милиони жители, или една петтина од населението. Секое трето лице тогаш би имало 65 години и повеќе. Особено погодени веќе денес се определени региони во источна Германија. Во 2060 година таму би живееле за една третина помалку луѓе отколку денес.

Причина за таквиот пад на наталитетот е тоа што денес во Германија умираат 200 илајди повеќе отколку што се раѓаат. Младите брачни двојки се почесто го одложуваат проширувањето на семејството, па просечно германско семејство има помалку деца отколку што тоа беше во изминатите децении.

Експертите критикуваа дека германските политичари не развиле демографска стратегија Најголемата опасност е во промената на старосната структура на населението во Германија, така што според пресметките во 2060 година, половина на жителите ќе бидат постари до 51 година.