1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прв медал за Германија во џудо, Улрих не успеа во друмското возење во велосипедизам

14 август 2004
https://p.dw.com/p/Aemc
Не се оствари сонот на Јан Улрих за втор златен медал, по оној од олимпијадата во Сиднеј
Не се оствари сонот на Јан Улрих за втор златен медал, по оној од олимпијадата во СиднејФотографија: AP

Првиот олимписки медал за Германија во Атина го освои џудистката Јулија Матијас, која во “малото финале” во екстралесна категорија (до 48 килограми) ја совлада грчката претставничка Марија Карајанопуло. Тоа е трет бронзен и трет воопшто олимписки медал за Германките во џудо. Златниот трофеј и‘ припадна на Јапонката Рјоко Тани, победничка и пред 4 години во Сиднеј, а за сребрениот трофеј се избори светската вицешампионка Фредерик Жосене од Франција. Со бронза се закити и Кинезинката Гао Фенг.

Јапонецот Тадахиро Номура победи во категоријата до 60 килограми. Тоа е веќе трет златен медал од олимпијадите за него, што досега не му успеа никому во тој спорт. Нестор Кергиани и‘ донесе на Грузија сребрен медал, а со бронза се закитија Монголецот Касбатар Цаганбатар и Кореанецот Чои Мин До, кој во борба за трофејот го победи германскиот репрезентативец Оливер Гусенберг.

Јан Улрих не успеа да го одбрани златниот медал во велосипедизам – друмско возење и се пласира на 19-тото место. Без медал остана и Ерик Цабел, кој стигна 4-ти на целта. Победи Италијанецот Паоло Бетини, пред Сержо Паулињо од Португалија и Белгиецот Аксел Меркс.

Германските ракометари на стартот забележаа сигурна победа против грција со 28 спрема 18.

Прв освојувач на златен медал од олимписките игри во Атина е Ду Ли од Кина, победничка во стреаштво со воздушна пушка. Сребрениот медал го освои Љубов Галкина од Русија, додека бронзениот и‘ припадна на Чехињата Катарина Куркова. На 33-годишната Соња Пфајлшифтер, и недостасуваа уште 2,4 круга до многу посакуваниот прв медал за Германија – та го освои шестото место.

Германските одбојкарки забележаа неочекуван успех против Куба: и покрај водството на фаворитките со 2 спрема 0 во сетови, Германките направија пресврт и победија со 3 спрема 2. Тоа за нив значи голем чекор кон четвртфиналето на олимпискиот одбојкарски турнир.