1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прв чекор кон соработка

Свето Тоевски14 февруари 2007

ДУИ продолжува остро да ја критикува македонската влада дека наводно,смислено ја блокира децентрализацијата во земјата,но побара од Заедницата на општините да придонесе за создавање позитивна клима и за ублажување на нејзиниот конфликт со централната власт.

https://p.dw.com/p/AdZM

Градоначалниците на ДУИ и на ПДП ќе останат во ЗЕЛС но ќе побараат од неа да посредува во нивните односи со централанат валст-решија на вчерашната координација со Централното претседателство и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.Портпаролката на ДУИ Ермира Мехмети рече:

-ЗЕЛС секако игра клучна улога во одбраната на интересите и надлежностите на локалната власт.Очекуваме секако дека соработката или активноста,придонесот таму,ќе резултираат со попозитивна клима и на некој начин ублажување на конфликтот меѓу локалната и централната власт.

Градоначалниците од ДУИ и од ПДП одлучија да не ја бојкотираат ЗЕЛС.Тие претходно навестија дека може да ја напуштат и да формираат своја паралелна асоцијација во северозападниот дел на државата.Овие две партии се заканија и дека нема да го почитуваат Бадинтеровиот принцип при донесувањето одлуки во општините со мнозинско албанско население,во кои тие имаат свои градоначалници.ДУИ вчера ја обвини македонската влада дека незаконски ги одзема ингеренциите на нивните градоначалници,оти таа нема визија да ја спроведува децентрализацијата и исто така оти наводно презема намерни антиреформски зафати.Уследи потоа и клучното барање на ДУИ,усвоено на вчерашната партиска средба.Портпаролката Ермира Мехмети нагласи:

-Бараме централни ресурси,значи доделување средства од централаната власт за практичното спроведување на примената или употребата на албанскиот јазик.

Преку ЗЕЛС градоначалниците на ДУИ и на ПДП ќе бараат да добијат дополнителни надлежности за да можат на локално ниво да ги реализираат своуте развојни и економски политики.

Рами Џерими од ДУИ,градоначалник на селската општина Теарце во тетовскиот регион и член на Управниот одбор на макеоднската асоцијација на општини,по партиската координација со Ахмети,за Дојче Веле изјави:

-Ние одлучивме,сите барања преку ЗЕЛС да ги проследиме до владата,за процесопт да може да оди натаму.Бараме едноставно процесот на децентрализација да не биде блокиран,бидејќи е еден од главните услови за влез во ЕУ.

Претседателот на ПДП Абдуљади Вејсели коалициониот партнер на ДУИ,вчера не присуствуваше на нивната средба.Тој вчера попладнето имаше разговори со претставници на британската амбасада во општината Желино.По ова Вејсели во изјава за Дојче Веле исто така се огласи со помеки тонови и со заложба за нормализирање на дијалогот меѓу власта и опозицијата во земјата:

-...да се залагаме и сите да најдеме механизми и инструменти за продолжување или обновување на политичкиот дијалог.

Сите ставови и барања од најновата партиска седница на ДУИ ќе им бидат пренесени на дипломатските странски претставници во Скопје.