1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преговорите во Пекинг без успех

22 декември 2006

Преговорите околу севернокорејската програма за атомско оружје во Пекинг завршија без успех.Американскиот преговарач Кристофер Хил изјави Северна Кореја досега одбегнува сериозно да разговара за своето нуклеарно оружје

https://p.dw.com/p/Adue
Од преговорите за севернокорејската атомска програма
Од преговорите за севернокорејската атомска програмаФотографија: AP

По четири дена преговори,Кристофер Хил изгледаше видно изцрпен и е разочаран поради ставот на Северна Кореја:

-САД се надеваа на поголеми напредоци.

Спорот поради воведените финансиски санкции од страна на САД ги блокира преговорите за севернокорејската атомска програма.Американската влада ги замрзна банкарските сметки во Банко Делта Азија во Макау.Вашингтон му префрлува на Пјонгјанг меѓу другото перење пари.Северна Кореја уште на почетокот на шестпартитните разговри во понеделникот побара укинување на сите санкции.Кристофер Хил:

-Делегацијата од Северна Кореја очигледно имаше инструкции да не зборува официјално за стопирањето на атомската програма,се додека не биде решено прашањето за укинувањето на американските санкции.Но,јас не дојдов во Пекинг заради блокираното конто,туку заради атомската програма и севернокорејскиот атомски тест во октомври.

Одделните разговори за финансиските санкции завршија уште во средата без резултат и можеби ќе продолжат во јануари.

Шестпартитните преговори денеска завршја неуспешно.